Тренди кошули и блузи кои секоја дама со стил треба да ги има оваа пролет

Кошули со карнери и впечатливи детали, како пердуви – парчиња кои ќе бидат хит оваа пролет и лето.

trendi-koshuli-i-bluzi-koi-odlichno-se-vklopuvaat-vo-proletnite-kombinacii-01.jpg

Никогаш не било поочигледно дека модата се враќа бидејќи она што сега е хит се парчиња што ги носевме пред 10-тина години, но и парчиња што биле популарни кога нашите мајки биле млади.

Покрај класичните парчиња, како бела кошула, карнерите повторно стануваат хит, заедно со елегантните елеци.

Кои трендови за кошули и блузи доминираат периодов?

Бела кошула

Едноставната бела кошула е класика што се вклопува во сечиј стил.

Но, периодов доста популарни се и бели кошули со суптилни детали, како врвки на ракавите.

trendi-koshuli-i-bluzi-koi-odlichno-se-vklopuvaat-vo-proletnite-kombinacii-02.jpg

Блузи со големи цветни принтови

Цветниот принт се враќа во мода секоја пролет, но треба да бидете внимателни – принтовите со минијатурни цветови можат да изгледаат застарено.

Од друга страна, принтовите со големи цветови, но и зелени детали изгледаат навистина добро и модерно.

trendi-koshuli-i-bluzi-koi-odlichno-se-vklopuvaat-vo-proletnite-kombinacii-03.jpg

Впечатливи ракави

Блузите и кошулите со впечатливи ракави се одличен начин да ги освежите пролетните комбинации.

trendi-koshuli-i-bluzi-koi-odlichno-se-vklopuvaat-vo-proletnite-kombinacii-04.jpg

Елеци

За елегантни комбинации во потопли денови, наместо кроп-топ маичка, облечете елек.

Елеците изгледаат мошне добро и во комбинација со кошули.

trendi-koshuli-i-bluzi-koi-odlichno-se-vklopuvaat-vo-proletnite-kombinacii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg