Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама
Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки не треба да ја носите преку рамо.
Некои жени секогаш делуваат елегантно, без разлика каде се, па и без разлика што носат.
А, нивната тајна се некои бон-тон правила што повеќето ги игнорираме, но прават голема разлика.
Бон-тон правила за носење чанта што ги знае секоја дама:
Немојте да ја држите малата чанта под рака
Малата чанта не треба да ја држите под рака, туку да ја фатите со двете раце како на фотката десно, кога стоите во место.
Доколку треба да ја користите едната рака, како за ракување, фатете ја чантата со другата рака, па потоа повторно со двете.
Не ја носете чантата со две прерамки преку рамото
Чантата со две пократки прерамки треба да се носи или во едната рака, или да ви биде закачена на раката кај лактот.
Не ја закачувајте чантата на столот
Кога сте во ресторан, немојте да ја закачувате чантата на потпирачот од столот.
Наместо тоа, ставете ја на столот, но веднаш зад вас.
Или, ако има вишок стол на масата, можете да ја ставите таму.