7 модни трикови на Италијанките со кои не можете да згрешите
Кадифени балетанки
Иако можеби ви делуваат чудно, кадифените балетанки се меѓу омилените парчиња на Италијанките.
Се продаваат и едноставни модели, но и интересни балетанки со панделки или украсни додатоци, на пример, а може да се најдат и во различни бои.
Се носат и на фармерки, но и на здолниште.
Долго здолниште
Во плакарот на Италијанките има барем едно долго здолниште.
Иако преферираат едноставни модели, тие се украсени со ремен или стилски чевли.
Но, неретко избираат и поекстравагантни модели, па делуваат како да излегле од модна писта.
Кожена јакна
Иако скоро и да не постои човек кој не поседува кожена јакна, оние во плакарите на Италијанките се малку поинакви.
Покрај класичната црна јакна, тие поседуваат и кожена јакна во металик боја или некоја посветла нијанса, а потоа ја комбинираат со едноставна гардероба - фармерки (или здолниште) и маичка, на пример.
Палто со цветни дезени
Италијанките поседуваат и палто со цветни (или светли и впечатливи) дезени, кое одлично одговара на бела кошула и панталони.
А. Ј. | Црнобело