9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона

Чевли на платформа

Сандалите на платформа веќе не се во мода.

Иако вообичаено сандалите ги вадите пред крајот на пролетта, овој пат, оние што се на платформа, нека останат во плакарот.

Нив оваа сезона заменете ги со рамни сандали или сандали на тенка висика потпетица.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-10.jpg

Плетени фустани

Оваа сезона плетените фустани заменете ги со платнени.

Платнените фустани делуваат поелегантно, не се шират (за разлика од плетените) и поради типот на материјалот (кој е потежок од конецот или волницата), поубаво „паѓаат“ на телото и ја нагласуваат фигурата.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-05.jpg

Блузи со копчиња

Кошулите се секогаш во мода, но не и блузите со копчиња кои потсетуваат на кошули, но се широки и не може да се комбинираат лесно со останатата гардероба (на пример со широки здолништа или панталони со рамни ногавици).

Стилистите препорачуваат оваа сезона тие да останат во плакарот, а наместо нив да носите парчиња кои ја следат линијата на телото или струкирани блузи со спуштени ракави.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-11.jpg

Панталони со низок струк

Панталоните или фармерките со низок струк визуелно прават да изгледате уште пониски (освен ако не сте многу високи).

Затоа оваа сезона во мода се враќаат панталоните со висок струк, каде што ременот е позициониран токму на линијата на половината (или 1-2cm) над неа.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-06.jpg

Чизми до под колена

Постојат луѓе кои носат чизми и во мај.

Па препораката за нив е да не ги комбинираат со здолништа, туку со хеланки.

Или ако сакате да ги носите со кратко здолниште, изберете темни хулахопки, а не проѕирни.

10-modni-trendovi-na-koi-mora-da-zaboravite-ovaa-sezona-02.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg