Стилот на Софија Вергара
Колумбиската убавица Софија Вергара е многу повеќе од актерка со раскошни облини. Сексипилната Вергара кариерата ја започна како ТВ водителка...
...а се прослави како одлична комичарка. Нејзиниот живот е исполнет со предизвици, а засега таа успева со сѐ да се справи со насмевка.
Оваа мајка на тинејџер пред десетина години успешно закрепна од рак на тироидната жлезда и секој ден го живее до максимум.
Добитник е на Woman of the year за 2000 година, а во 2002 стана првата Колумбијка која ја доби наградата Women of Hope.
Своето непогрешливо чувство за бизнис го соедини со љубовта за модата и создаде своја линија облека за Kmart полна со мини сукњи, тесни фустани и животински дезени што го отсликува нејзиниот став дека облините треба да се истакнуваат, а женственоста не е нешто што треба да се крие.
-->
-->
|
-->
|
-->
|
|
З.П. | Црнобело