10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате
Плетени блузи и фустани со кратки ракави
Ако облечете нешто плетено, најчесто го облекувате за да ве стопли.
Кратките ракави на ваквата облека се сосема погрешни.
Бохо фустани
Иако изгледаат привлечно поради шарените бои и дезенот, а притоа и се широки, па им одговараат скоро на сите жени, повеќето модели на бохо фустани имаат мали „корпи“ за градите.
Ова е причината што многу жени не сакаат да ги купат, бидејќи, малите корпи, едноставно, не ги покриваат доволно.
Штикли со преголем шпиц
Овие чевли се премногу тесни и неудобни за носење, а сепак се произведуваат и продаваат.
Но, освен што ќе ве болат стапалата, може да ви се појават и плускавци, поради кои ќе ви биде тешко да одите лесно дури и во патики или широки чевли.
Целосно исечени фармерки
Фармерките со дупки се секогаш во мода.
Но, некои модели се толку екстремно пресечени, што изгледаат непривлечно, дури и парталаво.
Тесни чизми над колена
Овој модел е соодветен само за жени со екстремно слаби нозе.
Сите останати или нема да може да ги облечат бидејќи се претесни, или по некое време чизмите ќе почнат да ги стегаат, да им прават линии на нозете на местото каде што завршуваат - едноставно не се најудобни за носење.
А. Ј. | Црнобело