10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате
Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се вистинско мачење кога да ги носите. Која облека и кои чевли треба да престанат да се произведуваат бидејќи ретко кој може да ги носи со самодоверба и без да „трпи за убавина“?
Модата постојано се менува, се појавуваат нови трендови и стилови. Но, некои модни компании и дизајнери како да подзаборавиле на креативноста, па на пазарот упорно пласираат парчиња кои се непрактични (фармерки без џебови) или неудобни (штикли со нагласен шпиц).
Ова се 10 парчиња облека и чевли кои би требало да престанат да се произведуваат (а и вие да престанете да ги купувате):
Кроп-топ
Постојат модели на кроп-топ кои им стојат само на екстремно слабите девојки.
А, можеби најчудни се кроп-топ џемперите кои не се погодни за ниту една сезона.
Фармерки без џебови
Фармерките без џебови се потполно непрактични.
И за разлика од панталоните без џебови, ваквите фармерките ги истакнуваат несовршеностите на телото, особено кога ќе седнете.
Градник без прерамки
Иако е најдобрата опција кога носите фустан без прерамки, градникот без прерамки најчесто е непрактичен.
Или ве стега премногу за да се држи на телото и да не падне, или цело време паѓа, па мора да го кревате и подместувате.
Тесни маички со уште потесни ракави
Некои маички се толку тесни, што не можете да влезете ни во својот број, ни во еден број поголема маичка.
Време е ваквите модели да излезат од мода.
Облека со „глупави“ натписи
Ви се случува ли да видите парче облека во убава боја, интересен модел и натпис, но да се разочарате кога ќе го прочитате натписот до крај?
Некои пораки едноставно не треба да бидат напишани на облеката.