8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно
Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само две од најчестите грешки што ги правиме кога комбинираме зимска облека со чизми или зимски обувки...
Во текот на зимата најчесто избираме удобни и подебели парчиња облека во кои ќе ни биде топло. Ова се однесува и на чевлите.
Но, понекогаш, комбинациите што ги правиме се навистина погрешни, па дури и најубавите обувки изгледаат смешно или непропорционално и оддаваат поинаква слика за нашиот стил.
Кои се најчести грешки што ги правиме, а поради кои дури и најубавите зимски обувки може да делуваат смешно?
Ги ставаме панталоните/фармерките во ниски чизми
Повеќето од нас имаат навика да ги ставаат панталоните или фармерките во ниските чизми. Од една страна, кога се внатре, секако дека ни е потопло.
Но, визуелно, тоа изгледа лошо, особено ако станува збор за панталони/фармерки со рамни ногавици или со широк крој.
Затоа во чизмите ставајте ги само панталоните или фармерките кои се тесни, а останатите нека одат врз чизмата.
Чизми до глужд во комбинација со фармерки/панталони до глужд
Никогаш не треба да комбинирате чизми со глужд со фармерки или панталони до глужд бидејќи визуелно ќе ви се скрати ногата.
Во овој случај и глуждот ќе ви биде „гол“, па наместо да ви е топло на нозете, вам ќе ви студи.
Чизми во спротивна боја од облеката
Чизмите до глуждови изгледаат одлично и со здолниште и со хеланки.
Тие секогаш треба да ви бидат во иста или слична нијанса со облеката, особено ако носите хеланки или панталони.
Ако се во контрастна боја, тогаш е многу веројатно дека тие визуелно ќе ја скусат ногата, па затоа треба да ги избегнувате овие комбинации.
Дебели чорапи во чизми
За да не ви студи често облекувате дебели волнени чорапи во чизмите.
И тоа е во ред, сè додека чорапите не ѕиркаат над чизмата за да го уништат добриот впечаток за вашиот стил.