6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи)
Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облечете кога надвор е многу студено, а сепак да изгледате убаво и со стил?
Зимите може да се благи, но и екстремно студени.
И покрај ниските температури, сите сакаме да се облечеме убаво, но истовремено и да не ни е ладно кога температурите се под нулата. Но како да го постигнете тоа?
Стилистите имаат неколку совети кои може да ги примените:
Капути со постава
Ако сакате да носите капут наместо дебела зимска јакна, тогаш изберете модел кој има постава.
Двата слоја на капутот ќе ве стоплат повеќе од еден.
И секако, комбинирајте го со ролка или подебела блуза преку ден (за на работа, кога одите на кафе или прошетка) или ако одите на деловен состанок или на вечерно излегување, можете под капутот да облечете кошула и сако.
Облечете се во слоеви
Ако носите крзнен капут или дебела јакна, избегнувајте дебели парчиња облека.
Наместо тоа решете се за „слоевито“ облекување.
Искомбинирајте 2-3 потенки парчиња облека под јакната - тие ќе ве стоплат подеднакво добро како и дебелите џемпери во комбинација со дебелите јакни.
Крзно за да ви е топло околу вратот
Кога температурите се под нулата, облечете капут или јакна со крзно за да ви биде топло околу вратот.