Зошто метална, наместо пластична закачалка и уште 5 модни совети за во есенските денови
Обрнете внимание на коланот на мантилот и немојте да носите црни хулахопки кои повеќе личат на хеланки – модни трикови со кои ќе се подготвите за (постудените) есенски денови.
Поради дневните температури, тешко ни е да се увериме дека е есен, но факт е дека постепено треба да ја менуваме гардеробата и да се подготвиме за (малку) постудените денови.
Неколку трикови што ќе ви помогнат во ова:
Закачете ги џемперите на метални закачалки
Поради материјалот, џемперите создаваат електрицитет, особено ако се на пластични закачалки.
За да го избегнете ова, најдобро е да ги чувате на метални закачалки.
Адаптирајте ја летната облека за постудено време
Само затоа што е есен не значи дека треба да ја заборавите целата летна облека.
Искористете ја креативноста и вметнете ја во есенските комбинации.
На пример, можете да комбинирате летно долго здолниште со хулахопки, ролка и мантил.
Во овој случај само избегнувајте ја облеката со премногу летни мотиви, како цветови.
Обрнете внимание на коланот на мантилот (и капутот)
Кoланот на мантилот е како посебен моден детаљ, па има влијание врз целокупниот изглед.
Избегнувајте да го врзувате неуредно.
Избегнувајте облека од полиестер
Облеката од полиестер не е најудобна бидејќи не ѝ дозволува на кожата да дише.
Покрај тоа, може да ви биде навистина топло во есенските денови ако облечете нешто од овој материјал бидејќи времето сепак не е многу студено.
Давајте им предност на природните материјали и осигурете се дека она што го купувате не содржи многу полиестер.
Внимателно одбирајте ги чевлите
Во есен времето е навистина променливо, па проверете ја прогнозата пред да изберете какви чевли ќе носите.
Некои модели иако се стилски, сепак не се погодни за дожд, а сигурно не сакате да завршите со накиснати стапала кога надвор сепак е колку-толку студено.
Внимателно одбирајте ги хулахопките
Хулахопките се совршено парче облека за есенските денови.
Но, бидете внимателни кога ги избирате. Со премногу тенки хулахопки може да ви биде студено.
Од друга страна, хулахопките кои се многу темни и повеќе личат на хеланки не изгледаат најдобро.
Спирова С. | Црнобело