Хит модни комбинации од Pinterest со кои нема да погрешите оваа есен
Корисниците на Pinterest, ја избраа кафеавата боја како најпопуларна за есен 2023. Дали ви се допаѓа овој моден тренд?
Веќе неколку години Pinterest е омиленото место на многу луѓе каде што бараат идеи за уредување на домот или на градината, за фризури, шминки, но и за облека.
Многу невести тука добиле идеја за својата венчаница, девојки дознаваат како можат да спојат навидум неспоиви парчиња, но и што е во мода во тековната сезона.
Според корисниците на Pinterest, најпопуларни бои за есен 2023 се крем и кафеавата.
Кафеавата боја ова сезона се комбинира со бели, црни и тегет парчиња, но и со тексас.
Кои се најдобрите есенски комбинации за 2023 на Pinterest, со кои никако нема да погрешите?
И дали ви се допаѓа овој моден тренд?
А. Ј. | Црнобело