Хит есенски тренд: Облека со боја на банана – како да ја комбинирате? (фото)
Бојата на банана одлично се вклопува со останатите есенски бои, а бидејќи е посуптилна, слободно можете да се облечете „од глава до пети“ со оваа нијанса.
Обично боите како кафеава и темноцрвена се оние што ги поврзуваме со есен. Па, не е ни чудно што доминираат во есенските комбинации.
Но, оваа есен доста популарна станува многу посветла нијанса, односно боја на банана.
Им додава одлична свежина на комбинациите, а уште подобро е што лесно се комбинира со другите есенски нијанси.
Бидејќи е суптилна, слободно можете да се облечете во оваа боја „од глава до пети“, но исто добро изгледа и само на одредени детали.
Неколку предлози за комбинирање:
Спирова С. | Црнобело