Фустан со гол грб, светкав брош: Миа Костова, Тијана и Сергеј Варошлија модно усогласени на Скопски моден фестивал 2023 (фото)
Со впечатливи очила за сонце и масивен накит, Миа Костова ги привлече погледите на Скопски моден фестивал 2023. Со Тијана и Сергеј беа вистински усогласена модна приказна.
Миа Костова на првата вечер од Скопски моден фестивал 2023 се појави модно усогласена со пријателката Тијана Скулиќ и стилистот Сергеј Варошлија.
Тројцата носеа црни стајлинзи со очила за сонце.
Миа се одлучи за црн фустан со гол грб, црни ракавици и впечатливи парчиња накит.
Сергеј црниот стајлинг го надополни со светкав брош, а пак Тијана, како и Миа, се одлучи за трендот на ефект на влажна коса, залижана наназад.
Модната доминација на Миа, Тијана и Сергеј на Скопскиот моден фестивал 2023:
Прочитајте и Модата на првата вечер од Скопски моден фестивал 2023: Што облекоа посетителите? (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С.| Црнобело
фото: Александар Ристовски / Инстаграм