Водич за жени: 7 грешки при изборот на облека заради кои изгледате невкусно, а не елегантно
Сатенскиот фустан може да изгледа елегантно, но само ако е изработен од висококвалитетен материјал, а чокер ѓерданите им стојат само на жени со долг и тенок врат. Кои грешки при изборот на облеката прават да изгледаме невкусно, наместо елегантно?
Мала е разликата помеѓу елегантното и вулгарното. Тоа може да се забележи и од следните фото-споредби, а сигурно во очи ќе ви паднат овие стилски грешки што најверојатно би можеле веднаш да почнете да ги поправате.
Ги правите ли овие стилски грешки и вие?
Облека со шари
Облеката со шари може да направи да изгледате малку повозрасно и додава дополнителен волумен на фигурата на телото.
За да го спречите ова, стилистите препорачуваат да избегнувате големи и светли шари.
Најдобро е да изберете облека со подискретни шари или еднобојна облека.
Неквалитетен сатен
Најчесто сатенот се поврзува со скапа и елегантна облека и речиси никогаш облеката изработена од овој материјал не излегува од мода за елегантни пригоди.
Но, неквалитетниот сатен може да изгледа ужасно и да ви го расипе изгледот.
Ако не сте во можност да си го дозволите најквалитетното, подобро е воопшто да не купувате облека од сатен со низок квалитет.
Тантела
Тантелата е уште еден декоративен детаљ што може да ви додаде години, ако не го комбинирате правилно.
Ако сепак сакате да користите такви интересни детали, можете да изберете облека со модерна интерпретација на традиционалниот фолклор или облека со минијатурни делови од тантела.
Тесни бели пантолони
Тесните бели пантолони може да изгледаат невкусно, дури иако сѐ друго е избрано до совршенство.
Подобро е да изберете малку пошироки модели на бели пантолони кои ќе направат да се чувствувате и поудобно, но и да изгледате поелегантно.
Чокер ѓердани
Чокер ѓерданите може да изгледаат убаво и елегантно, но само ако имате долг и тенок врат.
Доколку немате, подобро е да изберете едноставен ѓердан што ќе ви помогне вузуелно да го издолжите вратот.
Долги маици
Комбинацијата од маица и фармерки е идеална за оние денови кога сакате да се појавите во неформално издание.
Но, тука се поставува вечното прашање: Дали маицата треба да ги покрива фармерките или да биде во нив?
Кога маицата е во фармерките, тогаш изгледате поуредно и целиот изглед е похармоничен.
Свиткани ногавици на фармерките
Многу од нас знаат само да ги завртат ногавиците на фармерките и на тој начин да го решат проблемот кога тие им се предолги. Но, внатрешноста може да биде во значително посветла боја од надворешната, па хоризонталната линија од подвитканите фармерки ви краде неколку сантиметри од височината.
Најдобро е да практикувате да ги подвиткувате само фармерките кај кои внатрешноста е со приближно слична боја како надворешната.
Б. С. Б. | Црнобело