Тексас фустан – идеално парче за меѓу-сезона кое е хит кај инфлуенсерките (фото)
Изгледаат одлично и со балетанки и сандали, но и патики и мокасини, што значи тексас фустаните се совршено парче облека за меѓу-сезона и променливото време што нè очекува.
Фармерките се безвременски хит, доста популарни се и тексас здолништата, а во последно време и комбинациите од различни тексас парчиња.
Оваа сезона, пак, инфлуенсерките и модните трендсетерки сè почесто се фотографираат со тексас фустани.
Додека е потопло, можете да ги комбинирате со сандали, балетанки и патики, а кога ќе почнат врнежливите есенски денови, без проблем можете да ги носите и со мокасини и други чевли.
Што значи, тексас фустаните се совршен избор за променливото време коешто нè очекува.
Покрај тоа лесно можете да направите впечатлива комбинација со нив.
Неколку фотки за инспирација:
Спирова С. | Црнобело