7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнувате)
Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој дел од телото. Па ако колковите ви се пошироки од градите, тогаш таа непропорционалност лесно се забележува.
Коко Шанел одамна изјави дека модата е како архитектурата: „Сè е до пропорциите“.
За да делувате хармонично, избегнувајте облека и аксесоари кои визуелно ќе ви ја искриват силуетата и телото ќе ви изгледа непропорционално.
Кои се парчињата облека и аксесоари кои треба да ги избегнувате?
Кружен отвор
Иако кружниот отвор делува елегантно и женствено, сепак им одговара само на мал број луѓе бидејќи го скратува вратот и тој делува подебело од тоа што е навистина.
Масивни обетки што висат или обетки во вид на тркалца
Сјајните и масивни обетки изгледаат одлично, но, исто како и кружниот отвор, може да направат вратот да ви делува визуелно покусо.
Затоа изберете помали обетки со интересни првиврзоци.
Фустан што ја отцртува линијата на телото
Ваквите фустани го нагласуваат секој дел од телото. Па ако колковите ви се пошироки од градите, тогаш таа непропорционалност лесно се забележува.
Ако имате тело во форма на крушка, стилистите препорачуваат да избирате фустани во вид на буквата „А“, кои се елегантни, шик, а сепак ќе покажат дека имате привлечна фигура.
Облека со карнери кај деколтето
Иако делуваат женствено, карнерите додаваат и волумен, па затоа избегнувајте ги ако имате големи гради, широки раменици или големи колкови.
Масивни и долги синџирчиња
Иако делуваат привлечно на око, масивните и долги синџирчиња сепак не се препорачливи ако имате подебел или кус врат, или ако носите шарена облека.
Долгите синџирчиња кои паѓаат под градите ве скусуваат, а „чокерите“ им одговараат само на девојки со долг и слаб врат.
Чизми до средината на листовите
Чизмите кои ги комбинирате со фустан и кои ви ги покриваат листовите до половина, не делуваат привлечно.
Тие ја скусуваат ногата, а не се ни елегантни. Затоа изберете или високи чизми или чизми до глуждови.
Долги блузи
Не е лесно да најдете блуза со идеална должина. Но стилистите велат дека долгите блузи, кои паѓаат над колковите, ќе направат да изгледате подебело и непрпорционално, а ќе ви ги скусат визуелно и нозете.
Затоа препорачуваат пократки маички, блузи или кошули, кои можете да ги ставите и внатре во здолништето, панталоните или фармерките.
А. Ј. | Црнобело