8 модни парчиња кои се тренди, но на моменти се навистина непрактични
Парчиња облека со пердуви: Облеката со пердуви бара посебна грижа и начин на складирање. Перењето е проблематично, па по извесен период модното парче со пердуви може да не изгледа така спектакуларно, како на почетокот. Пуфкасти чанти, гумени чизми и уште неколку модни парчиња, кои се на моменти непрактични (и зошто).
Многумина од нас купуваме тренди парчиња, без да размислиме за нивната практичност, долгорочна употреба и начин на одржување.
Беретките се кул, но не се за студено време. Гумените чизми, исто така, се за дождовни денови, а не за секој ден.
Кои тренди парчиња се проблематични од практична гледна точка?
Парчиња облека со пердуви
Ова е тренд кој брзо доаѓа, но и брзо поминува, плус облеката со пердуви бара посебна грижа и начин на складирање.
Перењето е проблематично, па по извесен период модното парче со пердуви може да не изгледа така спектакуларно како на почетокот.
Беретки
Тие се класични, елегантни и одлично изгледаат, но реалноста е дека ви стојат само на врвот од главата, додека долниот дел од главата, како и ушите, се незаштитени и беретката не ве заштитува на студено и ветровито време.
Чизми од превртена кожа
Тие се меки и удобни, но лесно се оштетуваат при дожд или од солта која се фрла по улиците кога има снег и мраз.
Чистењето е проблематично и соодветни се само за суво време.
Пуфкаста чанта
Ваквиот тип на чанти се впечатливи и се совршено надополнување на зимскиот изглед, но тие собираат прашина и нечистотија и исто така мора да ги пазите од дожд.