8 модни парчиња кои се тренди, но на моменти се навистина непрактични
Кожени панталони
Тие изгледаат навистина кул, но ако ги носите на потопло време може да ве потат, иритираат и да предизвикаат дури и непријатен мирис.
Најдобро е да ги оставите за студените денови.
Светли чевли за сезоната на дождови
Изгледаат одлично и одговараат речиси со сè, но нечистотијата се лепи за нив и им се прават флеки.
Мора да ги чистите постојано, па можеби подобро е да изберете потемна опција за дождовните денови.
Облека и чевли, чиј изглед ви се допаѓа, но се направени од лоши материјали
Можеби ќе заштедите пари, но ќе добиете нервози од краткиот рок на траење на облеката, која набрзо почнува да изгледа износено, или од чевлите, кои се неудобни и може да ви направат плускавци.
Гумени чевли за секојдневна употреба
Тие се вистински погодок за дождливите денови, а веќе се носат и секојдневно како кул модно парче.
Сепак, тоа не е многу препорачливо затоа што овој материјал „не дише“ и води до потење на стапалата, чешање и непријатен мирис, а по долга употреба може да дојде и до бактериски инфекции.
С. С. | Црнобело