10 начини на кои самите (непотребно) си го отежнувате бракот
Дали драматизирате за ситници и никогаш не признавате дека сте погрешиле? Тогаш веројатно вие сте виновникот за мизеријата што ја чувствувате во брачниот живот.
Дали сте среќни со вашиот партнер или во домот постојано владее тензија?
Ако ви изгледа како бракот да ви станува потежок, можеби вината е во вас.
10 начини на кои сами си го отежнувате бракот:
Драматизирате за ситници
Вашиот брак не е ТВ сапуница, па кога ќе се соочите со конфликт, нема потреба да правите драми.
Ако му се дерете на партнерот за секој мал пропуст од негова страна, нема да постигнете ништо освен создавање непотребна тензија во домот.
Не можете да простите
Дали некогаш сте му рекле на партнерот дека сте му простиле за нешто, за подоцна повторно да ја спомнете неговата грешка?
Ако простите за нешто, не би требало да се навраќате на тоа.
А, ако не сте сигурни дека можете да го направите ова, тогаш воопшто не лажете дека сте простиле.
Сакате да бидете доминантни
Во бракот нема личност која е главна – и двајцата партнери се рамноправни.
Ако сакате да имате контрола над секоја ситница, па дури и над животот на партнерот, само си го уништувате бракот.
Ја изневерувате довербата на партнерот
Ако партнерот ви кажал нешто во доверба, чувајте го само за себе.
Немојте да споделувате со пријателите или кој било.
Со ова однесување, партнерот кога-тогаш ќе ја изгуби довербата во вас и тешко дека некогаш ќе можете да го поправите тоа.
Досадни сте
Дали постојано се жалите за нешто или го критикувате партнерот за секоја ситница?
Тогаш спаѓате во категоријата досадни луѓе.
Нормално е некогаш да имате лоши денови и некогаш да му кажете на партнерот ако нешто ви пречи.
Но, никој не сака да биде со личност која е вечен песимист, па ако сакате да го спасите бракот, поработете на ова.