„Работи кои посакувам да ги знаев порано за да имам подобар секс во животот“

Луѓето најмногу уживаат во сексот на возраст од 35 до 44 години, но кои се причините поради кои не уживаат порано?

raboti-koi-posakuvam-da-gi-znaev-porano-za-da-imav-podobar-seks-vo-zhivotot-01.jpg

Кога станува збор за сексот, многу работи ги учиме малку доцна во животот и потоа си велиме како не сме знаеле за ова порано за да уживаме не само во добар секс, туку во одличен секс.

Едно истражување направено во Велика Британија од компанијата за секс играчки „Lovehoney“ откри дека луѓето најмногу уживаат во сексот на возраст од 35 до 44 години.

Тие велат дека би уживале порано, ако знаеле некои работи за сексот порано.

Кои се нивните одговори на прашањето „Работи кои посакував да ги знам порано за да имав подобар секс во животот?“

Најчестите одговори на испитаниците се:

Важноста на комуникацијата

Позитивната комуникација пред сексот води до поголемо уживање, а и соодветната комуникација по сексот води до подобрување на искуството наредниот пат.

Како да се чувствувате секси во своја кожа

Ова особено важи за жените и самодовербата во креветот е клучна за да успеете да дојдете до оргазам.

raboti-koi-posakuvav-da-gi-znam-porano-za-da-imav-podobar-seks-vo-zhivotot-01.jpg

Не мора да си вршите притисок да излегувате надвор од комфорната зона

Тоа може да креира пријатно искуство за партнерот, но непријатно за вас. Не чувствувајте притисок дека мора да ги задоволите неговите фантазии.

Никогаш не се срамете од тоа што ви причинува задоволство

Сосема е во ред да имате некои свои фантазии и да ги споделите со партнерот. Се разбира, ќе бидат исполнети само доколку и на партнерот му е пријатно.

raboti-koi-posakuvav-da-gi-znam-porano-za-da-imav-podobar-seks-vo-zhivotot-02.jpg

Во ред е да кажете „не“

Не треба да се срамите ако дадете негативен одговор на некој предлог од партнерот или ако одбиете секс со него.

Во ред е да експериментирате со секс играчки

Сè што ви се допаѓа вам и на партнерот е во ред како начин за зачинување на сексуалниот чин.

Оргазмот не треба да биде целта на сексот

Притисокот да дојдете до врвот, ве оддалечува од него. Сексот е патување, а не дестинација.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg