Во зрелите години нема веќе заљубување
Во зрелите години нема веќе заљубување. Го има само она – некој ти годи и некој не ти годи.
Нема „не можам да живеам без тебе“, затоа што веќе знаете дека толку пати сте преживеале, кога сте мислеле дека не можете.
Нема „не можам да учам затоа што постојано мислам на тебе“, затоа што веќе не сте на училиште или на факултет, туку на работа, од која ги плаќате сметките и купувате храна.
Нема несоници, затоа што знаете дека каков и да е проблемот, утре е нов ден и знаете дека утрото е попаметно од вечерта.
И кога нешто ќе тргне на лошо, не молчите туку кажувате јасно и гласно: „Ова сакам, а ова не – извини.“
И ако нешто не може, тогаш убаво кажувате „Ти благодарам“ и си одите.