Четири секс пози што помагаат да се ослободите од менструалните болки (18+)
Голем број жени се соочуваат со неподносливи болки за време на менструалниот циклус, а покрај променливото расположение и зголемената емотивност, сосема нормално е да чувствуваат и зголемена желба за секс.
Сите овие симптоми се должат на промената на нивото на хормони во телото, а иако многу жени избегнуваат да имаат сексуален однос заради стигмата поврзана со сексот во „оние денови“, има и такви што се уверени дека интимниот однос со партнерот може многу да им помогне.
Се смета дека сексот за време на менструација може да ви помогне да се ослободите од менструалните болки, а кои се четирите секс-пози што би можеле да имаат таков ефект?
Лажичка
Се смета дека е мошне романтична секс поза што им овозможува поголема интимност на партнерите, а во неа можете да бидете целосно комфорни и да се препуштите на задоволството.
Партнерот може да ја стави дланката врз стомакот на партнерката и на тој начин со сопствената телесна топлина да ѝ помогне да се ослободи од болките.
Секс во јога позата лежечка Матсиендрасана (Supine Twist)
Познато е дека јога вежбите се мошне добри за ослободување од менструалните болки, па јога-позата лежечка Матсиендрасана можете да ја искористите и како секс поза.
Во неа партнерката легнува на грб, ги витка колената и ги носи кон градите, при што благо ги свртува настрана. Партнерот доаѓа зад партнерката.
Секс во јога позата Баласана
Оваа е можеби најдобрата јога поза за намалување на менструалните болки.
Ова всушност е поза за одмор во јогата, па затоа ѝ помага на партнерката да се опушти додека се наоѓа во удобна позиција.
Жаба
Оваа секс поза го стимулира работењето на внатрешните органи, меѓу кои јајчниците и матката и ја подобрува циркулацијата.
Партнерката легнува на грб со перница зад горниот дел од грбот, колената се свиткани и широко отворени.
Б. С. Б. | Црнобело