„Драги мажи, имам 40 години и сум сингл – како да ми понудите секс?“ (18+)
„Мажите навистина личат на примитивни животни. Јас знам дека нагоните ве раководат, но навистина нема потреба од фрази како: „Ајде да се запознаеме поблиску?“, „Колку поблиску?“ и одговорот да е „20 сантиметри“. Ако сакаш да ти кажам што ме возбудува и како можеш да ме одведеш во кревет сега ќе ти кажам...“
Драги мои мажи!
Бидејќи сум доста долго време сингл жена, комуницирајќи со мажи во повеќето случаи чувствувам досада. И тоа не е она најлошото.
Чувствувам тегоба од што сè е толку предвидливо и монотоно.
Дали тие навистина веруваат дека јас, живеејќи 40 години, од никого и никогаш не сум слушнала предлог за секс?
И знам многу за тие понуди, па дури и како ќе се развиваат настаните. Кога мажот ќе се појави, кога ќе исчезне, како повторно ќе се јави за 3 седмици или 3 месеци, како ништо да не се случило... Сценариото ми е добропознато.
Мил мој, разбираш ли дека тоа е здодевно? Кафуле, бар, ресторан...
Викни ме на билијард или на изложба на кучиња. Јас знам каде води сето тоа, но направи барем да биде интересно.
Само од првиот миг покажи ми дека сум значајна и направи да не биде здодевно, биди малку поуникатен.
Мажите навистина личат на примитивни животни. Јас знам дека нагоните ве раководат, но навистина нема потреба од фрази како: „Ајде да се запознаеме поблиску?“, „Колку поблиску?“ и одговорот да е „20 сантиметри“.
Ако сакаш да ти кажам што ме возбудува и како можеш да ме одведеш во кревет сега ќе ти кажам – Ум, умот ме возбудува.
Имам 40 години и не ми е грижа колкав ти е стомакот, ниту бицепсите. Многу повеќе ме загрижува што ќе разговараме пред и по сексот, што постигна во животот, има ли за што да те почитувам или да ти се воодушевувам.
А ако сакаш да ме воодушевиш, тогаш направи го тоа со својот човечки однос.
Разбирам дека првиот импулс ти е да ме одведеш во кревет. Но, имаш мозок вклучи го, гледај во мене човек, покажи емпатија.
Проживеав многу и знам многу. Можам да ти бидам извор, извор на сила, инспирација, нежност, извор на раст и развој, па биди доволно паметен да го препознаеш тој извор.
Во мојот живот имаше многу, единствено имаше недостиг од една работа – љубов.
Сите останати предлози сум ги слушнала, а овој предлог дури и да ми дадеш на веќе виден начин, ќе се чувствувам посебно. Затоа што е тоа нешто на кое не можеш да се навикнеш.