5 детални чекори за еротска тантричка масажа – вратете ја страста и возбудата во спалната соба (18+)
Купете масло за масажа со арома на јасмин или рози бидејќи ја поттикнуваат сензуалноста. Легнете голи и чувствувајте си го дишењето и срцебињето. Масирајте го цело тело со бавни движења, вклучувајќи ги и ерогените зони и гениталиите. Загарантирано враќање на возбудата и страста во креветот...
Првите месеци од врската се секогаш оние најубавите, кога едноставно не можете да се заситите еден од друг и спалната соба станува ваш втор дом.
Но, оваа почетна страст не трае вечно. Понекогаш животот и секојдневните обврски едноставно пречат и страста на која некогаш бевте толку посветени, полека исчезнува.
Почесто, недостатокот на физичко исполнување доведува до недостаток на емоционално исполнување што полека ја задушува врската.
Дали во вашата врска се случува истото? Дали има сè помалку страст?
Не очајувајте, бидејќи постојат толку многу работи кои можете да ги направите заедно за да ѝ дадете нов живот на вашата врска. Меѓу таквите работи е тантричката масажа која е навистина одлична.
Како тантричката масажа се разликува од обичната масажа?
Кога зборуваме за тантричка масажа, ова вклучува масажа на целото тело, а под тоа мислиме и на гениталиите.
Целта не е достигнување оргазам (иако самото искуство е многу пријатно), но овде намерата е да се поддржи пренасочувањето на интензивното сексуално задоволство, кое ќе се почувствува низ целото тело, а не само околу гениталиите.
Друга главна разлика помеѓу обичната и тантричката масажа е тоа што за време на тантричката масажа, целта е да се достигне почитување на женската и машката енергија со тоа што ниту една не треба да преовладува.
Како до успешна тантричка масажа?
Тантричката масажа е добра можност да ја засилите врската со вашиот партнер, покажувајќи дека можете целосно да уживате во вашата сексуалност, достигнувајќи многу посензуални оргазми кои ќе ве натераат да се гледате на поинаков начин. Оваа масажа ги спојува духовната и телесната љубов.
Чекор 1:
Купете масло за масажа кое содржи арома на јасмин или рози, бидејќи тие ја поттикнуваат сексуалноста. Свеќите се секогаш добредојдени.
Чекор 2:
Вториот чекор е да се подготвите со партнерот и да имате мирно место. Најдобро е ако имате неколку часа, бидејќи тоа е практика во која брзањето не соработува.
Чекор 3:
Легнати заедно со вашиот партнер треба да почувствувате како вашите вдишувања и издишувањa се спојуваат, додека ги слушате вашите отчукувања на срцата. Уживајте во моментот и не брзајте.
Некои парови практикуваат и слушање на тивка музика или омилената песна на двајцата, но тоа е ваш избор. Тишината исто така може да биде одлична за овој чин.
Чекор 4:
По неколку минути, станете и со бавни движења масирајте ги рацете, грбот, рамената и нозете на партнерот, а потоа продолжете кон стомакот. Вашиот партнер треба да биде без долна облека за полесно да ја примените сензуалната масажа, а така ќе изградите и повеќе доверба.
Запомнете дека мора да ја масирате целата област на стомакот и градите завршувајќи со вратот и пределот на главата кај слепоочниците.
Чекор 5:
Поканете го партнерот да се заврти и нежно да го насочите до местото каде што сетилата ви велат да одите. Тантричката масажа содржи завршна фаза во која се стимулираат генитални органи, но тоа секогаш треба да го правите полека и деликатно, обидувајќи се да го одложите оргазмот што подолго.
Најважно е да се опуштите и да се фокусирате на вашиот партнер, на љубовта која ја чувствувате еден спрема друг и на врската која ја имате изградено заедно.
Тогаш ќе бидете сигурни дека вреди да се борите за ова и да се потсетите на страста од почетните денови на вашата љубовна приказна.
М. Г. | Црнобело / фото: depositphotos.com