„Имам 49 години – што научив од моите сексуални искуства во текот на животот?“
Никогаш немојте да спиете со другари
Пени се обидела да има секс и со другар, но вели дека иако тоа искуство траело неколку години, сепак ја научило на мошне важна лекција:
„Четвртиот партнер ми беше другар додека бев во 20-тите години од животот. Се случувало да спиеме во ист кревет многупати и да немаме секс, но една вечер и тоа се случи. Потоа сè ни беше чудно, бевме толку добри пријатели, а сексот беше чуден“ – вели таа.
Сексот во тројка беше ужасен
Петтиот и шестиот партнер Пени ги запознала во бар преку добар пријател, а сакала да го проба и тоа искуство, за да знае дали ѝ се допаѓа. Како што вели, мило ѝ е што пробала, но никогаш повеќе нема да го направи тоа.
„Бев мошне љубопитна за тоа каков ќе биде сексот. Тие ми дадоа совет само да ги затворам очите и да се опуштам и го направив тоа. Но бев премногу нервозна и воопшто не доживеав оргазам“ – вели авторката.
Издржливоста не значи задоволство
Седмиот партнер бил човек со кого имала само афера. Бил доста повозрасен од неа и неодамна разведен.
„Почнавме да се гледаме и првата вечер кога имавме секс бев преплашена кога сфатив дека зел Вијагра. Ми се чини дека со часови беше врз мене. Го замолив да одмориме и да се напиеме чаша вино, по што тој ме праша дали ми е здодевно. Следниот ден престанав да му одговарам на пораките“ – вели таа.
Добрата врска не може да се заснова на добар секс
Осмиот партнер Пени го запознала на забава. Тоа бил маж што подолго време ѝ се допаѓал и почнале да се гледаат, а биле заедно шест месеци.
„Меѓу нас имаше само хемија и со него доживував повеќекратни оргазми. Но, се разделивме по шест месеци затоа што нашата врска се засноваше само на секс. Немавме ништо друго заедничко“ – појаснува таа.
Сексот за една ноќ може да биде ужас
„На една забава бев мошне пијана и си заминав со еден Германец. Отидовме во неговиот стан и на крај заспавме полуголи.
Следното утро се разбудив и бев згрозена кога сфатив дека тој повратил на неговата страна од креветот. Се облеков брзо и избегав пред да се разбуди и да ми побара телефонски број“ - вели таа и додава дека никогаш повеќе не сакала да го повтори ова искуство.
Пени се обидела да има врска и со многу помладо момче, но неговото неискуство било пресудно за да го „откачи“.
Пени во моментов има стабилна врска и вели дека сексот со овој партнер ѝ е неверојатен и вели дека тоа во најголема мерка се заснова на тоа што таа самата знае што сака, а што не сака во креветот.
Б. С. Б. | Црнобело