„Имам 49 години – што научив од моите сексуални искуства во текот на животот?“
Сексот за една ноќ е ужасен, важна е хемијата помеѓу партнерите, а добриот секс не е доволен за да се одржи една врска – ова се некои од најважните лекции што една жена oд Англија на возраст од 49 години ги научила од своите сексуални партнери. Таа ги споделува нејзините забавни лекции...
Англиската авторка Џени Пол (49) преку искрен, но и забавен текст објавен во весникот The Sun споделува што научила од нејзините сексуални искуства во животот. Таа открива кој е нејзиниот совршен број на мажи и на што ја научиле бројните искуства.
Таа вели дека досега имала повеќе сексуални партнери, а смета дека тоа ѝ овозможило да сфати што ѝ се допаѓа, а што не и научила многу повеќе да ужива во сексот.
Изгледот не е важен
Џени признава дека била мошне нервозна за сексот во тинејџерските години и била невина сè до 18-тата година од животот.
„Почнав да се бакнувам страсно со едно момче што ми се допаѓаше во спалната соба во куќата на неговата мајка. Тој имаше 21 година, ми даваше нежни инструкции. Искуството беше неверојатно и доживеав оргазам. Се гледавме повремено во следните седум години. Тој ме научи дека за да доживеам оргазам треба само да се фокусирам на мигот и да заборавам на тоа како изгледам“ – вели Пени.
Бавниот секс може да биде забавен
Пени појаснува дека нејзиниот втор сексуален партнер бил голем љубител на тантрички секс, со бавни движења и длабоко дишење.
„Тоа беше сосема различно искуство од сексот со првиот партнер кој сакаше секс набрзина со голем број секс пози. Прво ми се допаѓаше нежното водење љубов, но по неколку месеци ми стана здодевно“ – вели таа.
Страста е важна
Третиот партнер воопшто не бил алфа маж, без страст и без возбуда.
„Понекогаш се случуваше да ја загуби ерекцијата среде секс, а јас само да му речам дека сè е во ред“ – признава Пени и открива дека и оваа романса траела само неколку месеци.