Што открива вашата сексуална фантазија за вас? (18+)
Сите имаме по некоја сексуална фантазија, од која честопати се срамиме и ја чуваме како најголема тајна. Некои фантазираат за секс со колега, други за секс во кујна или на јавно место. Експерт за секс открива што кажуваат вашите сексуални фантазии за вас.
Дали ако фантазирате да бидете потчинети тоа значи дека сакате да чувствувате болка? Дали тоа што размислувате за секс во тројка значи дека сте настрани или пак има друго објаснување?
Секс експертот Кејт Тејлор за британскиот весник The Sun открива што говорат за вас најчестите сексуални фантазии. Што можете да откриете за себеси врз основа на нив?
Да бидете потчинети во секс
Според Кејти луѓето што фантазираат за ваков секс не се само мазохисти што уживаат во тоа да трпат болка.
Најчесто станува збор за авантуристи што постојано бараат нови возбудувања во сите аспекти од животот и често се отворени за нови искуства.
Вакви фантазии имаат луѓето кои за брзо време се заситуваат со одредени искуства и на кои за брзо време сѐ им станува здодевно.
Да бидете доминантни во секс
Според Кејти, еднаков е процентот на мажи и на жени што фантазираат за тоа да доминираат со партнерот за време на секс.
Најчесто ова се луѓе што имаат успешни кариери и навикнати се да доминираат во секој аспект од сопствениот живот, па не сакаат да се чувствуваат потчинето ниту во интимните мигови.
Фантазии за секс со колега
Кога со некого поминувате околу 40 часа неделно сосема нормално станува таа личност да почне да ви се допаѓа или спротивно, да ви оди на нерви.
Според Кејти, колку почесто гледате нечие лице - толку поатрактивно ви станува, па ако се плашите дека би можеле да влезете во несакана афера, добро би било некој период да се обидете колку е можно поретко да се гледате со колегата.
Фантазии за секс со бившиот
Не, тоа не значи дека копнеете по него, туку дека копнеете да се вратите во одреден период од вашиот живот.
Доколку фантазирате за сексот со бившиот со кој раскинавте неодамна, тоа значи дека копнеете за тоа да имате врска и некаква стабилност, а ако мислите често ви се навраќаат на вашата прва љубов, тоа најверојатно значи дека ви недостасува младоста.
Овие фантазии се знак дека треба нешто да промените во моменталниот начин на живот.
Секс со повеќе партнери
Сексот со повеќе партнери во различни времиња би можел да значи дека потајно трагате по признание за вашата вредност.
Но, ако фантазирате за тоа да имате секс со повеќе луѓе во исто време, тоа најчесто значи дека сте екстроверти, кои се постојано подготвени за разговор и дружење.
Секс во јавност
Честопати во вашите фантазии сакате да се ослободите од стегите што си ги наметнувате во секојдневниот живот.
Така, ако фантазирате за секс во јавност тоа би можело да значи дека ви пречи тоа што премногу време поминувате во размислување за тоа што мислат другите луѓе за вас.
Секс со непознати
Сексот со непознати луѓе во основа означува нешто ново и дава можност да се ослободите од сите ограничувања и да им се препуштите на сите желби без никакви осуди.
Најчесто за ваков тип на секс мечтаат луѓето што се навикнати постојано да им даваат предност на туѓите желби и ги ставаат потребите на партнерите пред сопствените.
Најверојатно ова е знак дека би требало да бидете малку посебични и да мислите повеќе на себеси.
Секс на романтично место
Според Кејти, колку се посовршени вашите фантазии толку сте позагрижени за вашата врска.
Најчесто луѓето што се загрижени за животот во двојка, имаат страв од врски и заеднички живот, фантазираат за сексуални средби што вклучуваат премногу совршенство, интимност и романтика.
Ова најчесто се случува доколку во истиот период односот со партнерот е потензичен или имале повеќе расправии.
Б. С. Б. | Црнобело