Искрени брачни совети за луѓето кои допрва ќе стапат во брак

„Искрите доаѓаат и си одат, но вистинското пријателство трае. Ако партнерот не е твојот најдобар пријател, или барем еден од најдобрите пријатели, тогаш нема да траете во брак.“

iskreni-brachni-soveti-za-lugjeto-koi-doprva-kje-stapat-vo-brak-01.jpg

Луѓе кои се во брак за BuzzFeed споделуваат искрени брачни совети за луѓето кои допрва треба да стапат во брак.

Се согласувате ли со нив?

„Запомнете дека вие си ветувате дека ќе останете заедно, а не си ветувате дека ќе останете истите луѓе. Прифатете ги промените што ви следуваат, нормално е за 10 години од сега двајцата да не бидете истите луѓе. Магично е да растете заедно.“

„Третирај го твојот партнер подобро отколку што ги третираш странците. Имам пријатели кои се културни кон луѓето од услужната дејност и познаниците, но забораваат на манирите во односот на партнерот. Заблагодари му се, кажи му дека го цениш и запомни ако тој е најважната личност во твојот живот и така и треба да го третираш.“

„Ќе постојат мигови кога ќе сакате да се убиете еден со друг, но ќе пронајдете заеднички јазик и ќе продолжите понатаму. Не си останувајте лути еден на друг за нешто што најверојатно не е важна работа во големата слика.“

„Пред да стапиш во брак оди на патувања со него, гледај како вози, дали сака само хотели со 5 ѕвезди, дали е агресивен кон луѓето од услужната дејност или другите учесници во сообраќајот... Сето тоа многу ќе ти значи во животот. Провери дали е флексибилен – клучно е.“

iskreni-brachni-soveti-za-lugjeto-koi-doprva-kje-stapat-vo-brak-02.jpg

„Не се мажи во фазата на меден месец од врската. Почекај додека да заврши, барем 2,3 години за да го видиш партнерот среќен, тажен, лут и да знаеш дали ти одговара на долги патеки.“

„Не се мажи за личноста со која се согласуваш добро, омажи се за личноста со која се караш добро. Лесно е да пронајдеш луѓе со кои ќе минуваш убави мигови, тешко е да најдеш личност со која стилот на карање ќе биде компатибилен на твојот и така ќе успеете да траете долго.“

„Не влегувај во брак со мислата дека ќе успееш да го промениш. Мора да веруваш дека тоа е личност со која сакаш да го поминеш целиот живот. Во сето добро и лошо да бидете до крајот на животот.“

„Искрите доаѓаат и си одат, но вистинското пријателство трае. Ако партнерот не е твојот најдобар пријател, или барем еден од најдобрите пријатели, тогаш нема да траете во брак.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg