„Имав момче што сакаше секс преку телефон, но во живо не сакаше ни да ме погледне - дознав дека е фрајсексуалец“

„Додека бил во врска со мене бил во врска уште со двајца други партнери“ - тврди оваа девојка од Австралија, која појаснува какво било нејзиното искуство со момчето кое подоцна ѝ признало дека е фрајсексуалец.

devojka-so-ispoved-imav-momche-shto-sakashe-seks-samo-po-internet-podocna-doznav-deka-e-frajseksualec-01.jpg

Рае од Сиднеј и Томас од Мелбурн се запознале на Инстаграм за време на пандемијата. Веднаш откако почнале да контактираат, Томас почнал да бара таа да му праќа експлицитни фотографии и да имаат секс по телефон.

„Беше ризично, но тој ме почитуваше, секогаш бараше моја согласност и секогаш се повлекуваше кога гледаше дека нешто не ми се допаѓа“ – изјавува Рае за pedestrian.tv.

Во следните шест месеци тие секоја вечер разговарале на телефон, Томас дури велел дека ѝ е момче, ја уверувал дека ја сака.

„Тој стана толку голем дел од мојот живот. Моите пријатели и семејството знаеја за него. Мислев дека конечно го најдов вистинскиот“ – вели таа.

Сепак работите во голема мера се промениле кога Рае одлучила да го посети Томас во Мелбурн. Како што вели, тој ја пречекал пред зградата, но не бил расположен и не сакал ниту да ја погледне во очи.

За време на викендот, Рае дознала чудна вистина што навистина ја изненадила.

Томас ѝ објаснил дека е возбуден само кога е во контакт со непознати личности онлајн и воопшто нема желба за секс во реалниот живот. Тој ѝ признал на Рае дека имал повеќе онлајн партнери додека тие разговарале.

„Не се ни обидел да има секс во реалниот живот во последните 3 години, ниту сака да се обиде. Ми кажа дека интензивно следи повеќе луѓе онлајн сѐ додека не најде заинтересирани партнери. Додека се слушал со мене веќе имал врска и со една самохрана мајка во Бризбејн, но и со друго момче од Перт“ – вели таа.

Рае по ова има разговори со сексолог кој ѝ појаснил дека Томас можеби е фрајсексуалец (или игнотасекуалец). Станува збор за сексуалната ориентација што се сместува во асексуалниот спектар и со други зборови означува дека овие луѓе чувствуваат сексуална привлечност за луѓето со кои не се поврзани, но штом почнат со некого да се поврзуваат на емотивен план, веднаш губат интерес за секс.  

Спротивни на фрајсексуалците се демоскесуалците, што можат да имаат секс само со луѓето со кои имаат поголема емотивна поврзаност.

Овие луѓе често се соочуваат со осудувањата од средината што ги карактеризираат како „евтини“ и се осудени дека не знаат да одржат романтична врска.

Како што ја појаснува ситуацијата Рае:

„Томас сака да најде љубов на Инстаграм, но неговата љубов ќе остане само таму“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg