Совети со кои ќе го подобрите односот со партнерот (и може да го избегнете разводот)
Никогаш немојте да престанете со комплиментите и секој ден одвојувате најмалку 15 минути само за вас двајцата.
Здравиот однос со партнерот е клучен за среќен брак, а среќниот брак, пак, е предуслов за вашето целокупно задоволство во животот.
Сепак, некогаш не е лесно да ја одржувате хармонијата во бракот (или врската).
Добрите вести се дека во повеќето случаи, нарушувањето на оваа хармонија е резултат на некои ситници за кои има едноставни решенија.
Како да го подобрите односот со партнерот и да го избегнете разводот?
Не ги игнорирајте навидум малите проблеми
На почетокот од врската, некои ситници што не ви се допаѓаат можат да изгледаат како неважни. Но, со текот на времето ќе сфатите дека сепак ви биле важни и кога-тогаш ќе влезете во конфликт со партнерот за нив.
Проблемот настанува кога долго време ги потиснувате овие ситници и на крај ситуацијата ќе ескалира. Односно, од мала расправа за тоа зошто партнерот не си ги собрал чорапите ќе се претвори во нешто многу поголемо.
Па, не ги игнорирајте ситниците и разговарајте и за нив.
Разговарајте за вашите вкусови и преференции
Многу е важно да разговарате со партнерот за работите што ви се допаѓаат, но уште поважно е да му кажете што не ви се допаѓа.
Само со отворен разговор на оваа тема ќе ги избегнете непотребните недоразбирања помеѓу вас.
Малите гестови се особено важни во врската
Не треба секој ден да го изненадувате партнерот со скапи подароци, но потрудете се често да му покажувате колку ви значи со мали гестови.
Кога си одите од работа купете му го омиленото чоколадо, некогаш изненадете го со појадок, помогнете му со некој проект…
Овие навидум мали гестови прават огромна разлика.
Секој ден одвојте најмалку 15 минути само за вас двајцата
Веројатно и вие и партнерот имате куп обврски во текот на денот, но ова не треба да биде причина да се игнорирате еден со друг.
Потрудете се секој ден да одвојувате барем 15-тина минути само за вас двајцата.