Совети со кои ќе го подобрите односот со партнерот (и може да го избегнете разводот)

Не ги изоставајте комплиментите

Никогаш немојте да престанете да ѝ давате комплименти на саканата личност, особено ако сте заедно со години. Уште подобро ако одвреме-навреме го фалите партнерот во присуство на друга личност.

Со ова ќе покажете дека го цените вашиот партнер и ги забележувате сите негови квалитети.

kako-da-go-podobrite-odnosot-so-partnerot-za-da-go-izbegnete-razvodot-006.jpg

Научете го „љубовниот јазик“ на вашиот партнер

Некои сакаат романтични гестови, некои сакаат прегратки и бакнежи, некои се позатворени и не сакаат јавно изјавување љубов – сите луѓе се различни кога станува збор за искажувањето емоции и нивниот „љубовен јазик“.

Важно е да разговарате со партнерот за ова и да си ја покажувате љубовта на начин што ви одговара и на двајцата.

kako-da-go-podobrite-odnosot-so-partnerot-za-da-go-izbegnete-razvodot-07.jpg

Не се запоставувајте себеси само затоа што сте во врска

Многу парови настојуваат да ја запостават грижата за себе кога се во сериозна врска, но добро би било да го избегнете ова.

Нормално, партнерот ќе ве сака како и да изгледате, но грижата за себе е важна и не треба да ја запоставите.

kako-da-go-podobrite-odnosot-so-partnerot-za-da-go-izbegnete-razvodot-08.jpg

Би требало да бидете најдобри пријатели

И вие и партнерот треба да имате пријатели надвор од врската, но вие двајца треба да си бидете најдобрите пријатели.

Сепак, заедно градите живот, ги споделувате вашите цели и соништа, па треба вистински да уживате во заедничките мигови.

kako-da-go-podobrite-odnosot-so-partnerot-za-da-go-izbegnete-razvodot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg