8 најголеми разлики помеѓу сексот со љубов и оној „без обврски“ (18+)

Во идеален свет, љубовта и сексот одат рака под рака. Но, не секогаш може да ги имаме и двете и воедно, треба да бидеме свесни за разликите помеѓу сексот зачинет со љубов и оној кој не вклучува никакви чувства и обврски.

8-najgolemi-razliki-pomegju-seksot-so-i-bez-ljubov-01.jpg

Кои се најголеми разлики помеѓу сексот со љубов и оној без љубов?

1. После „обичниот“ секс само ќе си ја соберете облеката и ќе си заминете без размислување.

Доколку сексот вклучува љубов, ќе сакате да останете и да се галите со партнерот: размената на нежности после секс ѝ припаѓа на љубовта.

2. Доколку се работи за љубов, тогаш можете да бидете она што навистина сте, без глума и кочници; со обичен секс немате никогаш потреба да бидете целосно отворени. Пред личноста што ја сакаме и почитуваме немаме тајни и не чувствуваме срам.

3. Во страсната сексуална врска се разочарувате кога сите ваши најекстремни желби не се исполнети.

За овие работи воопшто не ви е грижа кога се работи за вистинска љубов, бидејќи таа е секогаш убава. Доколку сте вљубени, прво копнеете за интимност, а дури потоа се грижите за остварување на некакви желби.

4. „Чистиот“ секс е себичен, љубовта не е: чистата телесна страст честопати служи како средство за постигнување на некаква цел. 

Со љубовта е поинаку – обрнувате внимание на чувствата на другиот до вас и не ви е сеедно доколку другата личност не ја достигне кулминацијата за време на сексот. Во сексот без љубов најчесто не ви е гајле, сè додека вие сте задоволени.

5. Со љубовта имате потреба да кроите заеднички планови; во обичниот секс без љубов и инволвираност се работи за победа: на љубовта не ѝ треба конкуренција и не е неопходно да се подгрева егото во форма на освоени чувства.

6. Љубовта ве инспирира; чистиот секс само уште повеќе ве огладнува. Запомнете – големите љубовни дела и песни ширум светот не се создадени после сексот за една ноќ.

7. Чистата страст е краткотрајна; сексот зачинет со вистинска љубов надживува сè. По страсните авантури едноставно си продолжувате понатаму со животот.

Откако ќе доживеете искрена љубов, го споредувате вашиот следен партнер со тоа уникатно чувство долго време откако сте го доживеале и не се задоволувате со ништо помалку.

8. Сексот го гледате само како вежба; љубовта не. Кога се среќавате со вашиот сегашен сексуален партнер, тоа го гледате како вежба за следниот, подобар од него. Во љубовта мислите само на вашиот сегашен партнер – и се гледате со него во иднина.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg