„Со маж ми спиеме во посебни кревети - луѓето мислат дека бракот ни е во криза, а ние имаме одличен секс“
„Луѓето мислат дека сме скарани или ќе се разведуваме веднаш штом им кажеме дека спиеме во посебни кревети. Но, грешат, тоа што спиеме посебно прави да се сакаме уште повеќе и е клуч на нашиот успешен брак.“
Линда Лаби (38) и нејзиниот сопруг Бен од Велика Британија во брак се 15 години, но кога ќе им кажат на пријателите дека спијат во посебни кревети, тие веднаш ги прашуваат загрижено дали е сè во ред со нивниот брак.
Но, Линда и Бен велат дека не само што сè е во ред со нивниот брак, туку и веруваат дека токму спиењето посебно е клучот на нивниот одличен однос, како и тајната на одличниот сексуален живот.
Линда искрено вели: „Луѓето мислат дека сме скарани или ќе се разведуваме веднаш штом им кажеме дека спиеме во посебни кревети. Но, грешат, тоа што спиеме посебно прави да се сакаме уште повеќе и е клуч на нашиот успешен брак.“
Парот се запознал во 2007 година, а живеат заедно од 2009 година. Се венчале во 2016 година, а имаат и две деца на возраст од 4 и 2 години.
„На почетокот се обидувме да спиеме на голем брачен кревет, но тоа траеше само неколку седмици и сфативме дека не функционира. Секој нас си сака сопствен кревет и свој простор. Мразиме да ги делиме и прекривките, па така одлучивме да спиеме посебно.
Така двајцата сме одморени и свежи за работните обврски и обврските околу домот и децата.
Водиме љубов 3 пати неделно и некако сме поспонтани со тоа што имаме посебни кревети. Го изненадувам под тушот понекогаш и го менуваме местото на кое имаме секс.
Мислам дека клучно е партнерите да не си влијаат негативно еден на друг на сонот. Тоа што сме посебно не ја убива искрата меѓу нас, туку напротив ја разгорува и едвај чекаме бакнежи и прегратки“, вели Линда.
Што мислите вие за спиење во посебни кревети? Имате ли таква навика?
С. С. | Црнобело