6 знаци дека партнерот наскоро планира да ве запроси

Внимавајте особено на некои од овие знаци во деновите што имаат особено значење, како годишнина, Денот на вљубените, или некои од вашите родендени.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-01.jpg

Понудата за брак треба да биде момент што секоја девојка ќе го помни до крајот на животот.

Најчесто мажите пред да ве побараат за сопруга поминуваат подолго време во подготовки.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-02.jpg

Во основа традиционалните запросувања треба да бидат изненадување и партнерите често знаат да направат сè, за нивните планови да останат неоткриени, но има знаци со коишто сигурно можете да претпоставите дека наскоро ќе го добиете ова мошне важно прашање.

За девојките кои се нетрпеливи и сакаат да откријат сè однапред, ова се знаци кои може да го издадат партнерот дека планира запросување:

Заедничко патување

Ова можеби да биде знак, особено ако во минатото воопшто не сте патувале заедно или сте го правеле тоа многу ретко.

Дополнително, треба да бидете подготвени доколку одите на некое место што има заедничко значење за вас двајцата или пак е некое место каде што не сте биле порано.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-03.jpg

Подготвени за фотографии

Дали вашиот партнер ве прашал кога планирате да одите на маникир, или пак ви закажал маникир?

Ова може да биде знак дека планира да направи фотографии од вашите раце, односно вашиот прстен наскоро.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-04.jpg

Погледнете го вашиот накит

Внимателно погледнете дали некој ви пребарувал во накитот и ви ги преместувал прстените.

Сосема веројатно е вашиот партнер да го погледне вашиот накит за да ја открие точната големина на прстенот или да добие идеја за тоа каков прстен најмногу би ви се допаѓал.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-05.jpg

Разговори со членовите на вашето семејство или со блиските пријатели без ваше знаење

Ако случајно дознаете дека вашиот партнер има тајни разговори со членовите на вашето семејство или вашите блиски пријатели без ваше знаење тоа може да биде уште еден знак дека ви подготвува запросување.

Најверојатно му се потребни идеи или совети како да го испланира запросувањето што долго време ќе го помните.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-07.jpg

Внимавајте на важните датуми

Доколку сте нетрпеливи и очекувате партнерот да ве побара за сопруга особено внимание треба да обрнете на споменатите знаци во деновите што се поврзуваат со важни датуми како годишнина, Денот на вљубените, Божиќ или вашите родендени.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-06.jpg

Внимавајте на облеката

Доколку излегувате некаде внимавајте и на облеката на вашиот партнер. Ако забележите дека тој премногу се дотерал за излегување за кое вообичаено е полежерен, можеби има скриени намери.

Секако, веќе размислил како сака да изгледа на фотографиите што ќе ги имате за да го помните овој мошне важен миг од вашите животи.

shest-znaci-deka-partnerot-vi-podgotvuva-romantichno-zaprosuvanje-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg