Немате желба за секс? Овие 10 работи ви го намалуваат либидото

Постојат бројни причини зошто немате желба за секс - од стрес и проблеми во врската, па сè до менопауза.

10-raboti-koi-go-namaluvaat-libidoto-01.jpg

Постојат многу причини кои ја намалуваат желбата за секс. Во идеален свет, можеби би имале секс речиси секој ден, но ниту имаме време, ниту пак волја.

Овие 10 работи имаат огромно влијание врз либидото, па добро е да си направите мала анализа пред да го употребите изговорот „ме боли главата“:

Стрес

Некои работи подобро ги правиме кога сме под притисок, но сексот обично не е една од нив.

Секој ги чувствува ефектите од стресот во одреден момент – на работа, дома или во врската. Сепак, треба да научите како да се справите со стресот на здрав начин.

Можете да се обидете да го направите тоа самите, а може да побарате помош од лекар или психолог. Сексот и стресот едноставно не одат рака под рака.

Проблеми во врската

Една од најчестите причини за недостаток од желба за секс обично се нерешените прашања кои постојат помеѓу вас и вашиот партнер. Ова може да биде проблем со воспоставување блискост, последици од расправија, лоша комуникација, чувство на предавство или други проблеми со довербата.

Ако ви е тешко да сфатите каде е проблемот, можете да му дадете шанса на брачното советување.

Алкохол

Малку алкохол може да ве натера да се чувствувате поотворено и поопуштено во врска со сексот. Но, премногу алкохол може да ви го намали сексуалниот нагон.

Исто така, претераното пијанство може да претставува и пречка за вашиот партнер и неговиот перформанс во креветот.

Недостаток на сон

Дали си легнувате предоцна или станувате прерано? Дали имате проблем со спиењето, како што е апнеја?

Сè што го расипува добриот ноќен одмор може да го расипе и сексот. Заморот и ненаспаноста го намалуваат либидото.

Деца

Вашето либидо не се намалува кога ќе станете родители, туку се намалува слободното време во кое треба да бидете блиски со партнерот.

Ако сте во ваква ситуација, обидете се да ангажирате дадилка одвреме-навреме и негувајте го вашето партнерство и интимноста.

10-raboti-koi-go-namaluvaat-libidoto-02.jpg

Лекови

Некои лекови можат да влијаат на вашето либидо како што се: антидепресивите, лековите за крвен притисок, хемотерапија и слично. Промената на лековите или дозата може да помогне, за што секако треба да се консултирате со вашиот лекар.

Исто така, задолжително кажете му на вашиот лекар доколку почувствувате дека вашиот сексуален нагон се намалува откако сте почнале со земање нов лек.

Лоша слика за себе

Ќе ви биде полесно да се чувствувате секси доколку го сакате својот физички изглед. Доколку се чувствувате добро во своето тело, вашата желба за секс е поголема.

Ако, пак, имате ниска самодоверба, обидете се да поработите на неа и да најдете начин како да се чувствувате посакувано и секси во својата кожа.

Дебелина

Кога сте со вишок килограми желбата за секс често се намалува. Ова се случува поради неколку причини.

Можеби не уживате во сексот како порано, не можете да ги направите позите во коишто уживавте поради намалената кондиција и подвижност или ве ограничува ниската самодоверба.

Во секој случај, дебелината може да биде проблем кој влијае и врз либидото.

Депресија

Кога сте депресивни, го губите задоволството од многу работи, вклучувајќи го и сексот. Ова е една од многуте причини за да се побара помош.

Ако вашиот третман вклучува лекови, кажете му на вашиот лекар доколку либидото ви е ниско, бидејќи некои (иако не сите) лекови за депресија го намалуваат либидото.

Менопауза

За повеќето жени, либидото слабее во периодот на менопауза. Ова делумно се должи на придружните симптоми на менопаузата, како што се сувоста на вагината и болката за време на сексот.

Но, секоја жена е различна и можно е да имате одличен сексуален живот по менопаузата со негување на вашата врска, самодоверба и општото здравје.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg