Секс бонтон: Не се фалете со жешките фотки од партнерот и уште 28 правила (18+)
Праќањето секси пораки и фотографии кога ќе ви текне се смета за невкусно однесување, пред да ја пратите пораката добро е да се осигурате дека е вистинско време за тоа – Кои се правилата за добро однесување за време на сексот?
Како и во сите аспекти од животот така и кога станува збор за сексот постојат универзални правила за добро однесување што треба да ги применувате доколку сакате да му покажете на сексуалниот партнер дека имате стил.
Во продолжение проследете ги правилата за добро однесување во сексот што ќе ви помогнат да направите разлика помеѓу отменото и невкусното однесување:
1. На прашањето „Колку љубовници сте имале?“ можете да одговорите така што ќе нагласите дека минатото и бројот не ви значат ништо, туку дека сте заинтересирани само за иднината.
Невкусно е да бидете навредени што воопшто ви го поставиле ова прашање и да си заминете само затоа што се чувствувате под притисок.
2. Пред да почнете да испраќате „жешки пораки“ добро би било да проверите дали е вистинско време за тоа (дали партнерот е со друштво/колеги и сл.) и не го фотографирајте лицето.
3. Ако партнерот побара да ги избришете добиените фотографии - тоа треба да го направите веднаш.
4. Покажувањето на добиените фотографии на други луѓе е крајно невкусно.
5. Кога имате „секс за една ноќ“ ако не сте го запомниле името на сексуалниот партнер, добро е да си премолчите.
6. Иако имате само „секс за една ноќ“ и не планирате повеќе да се видите, почекајте барем 15 минути по завршувањето на чинот, пред да си заминете.
7. Невкусно е да претпоставите дека можете да останете цела ноќ и да одбивате да си заминете, кога партнерот тоа јасно ви го дава до знаење.
8. Освен за личната хигиена, добро е да обрнете внимание и на чистината на постелнината и просторијата. Просторијата со расфрлана облека, полните пепелници, празниот ладилник, расфрланите ситници во собата, нечистата постелнина, но и лошата лична хигиена оставаат лош впечаток и се невкусни.
9. Воопшто не е културно пијани да се јавувате и да барате секс, но ако сте подготвени да се јавите, сепак треба да бидете сигурни дека на партнерот тоа нема да му пречи. Немојте да бидете упорни.
10. Невкусно е ненајавено да се појавите под дејство на алкохол, среде ноќ, во домот на партнерот и да барате секс без да обрнете внимание на можностите и дали ќе го засрамите партнерот.
11. Редовното користење кондоми треба да ви биде нормално и не треба да го барате спротивното, доколку не сте во сериозна врска.
12. Невкусно е да одбивате да носите заштита, да лажете за сопственото сексуално здравје, намерно неправилно да ја користите заштитата и слично.
13. По искористувањето, кондомот треба да го фрлите во канта за отпадоци, а не на земја.
14. При орален секс невкусно е да ја туркате главата на партнерката на сила, а кога станува збор за ејакулација во уста, треба да добиете согласност од неа.
15. Невкусно е и да не сакате да ѝ го возвратите задоволството на партнерката со која сте имале орален секс.