Една секс поза која му е одбивна на секој хороскопски знак (и зошто)
За агресивните Овни секс-позата „лажица“ е здодевна, за традиционалните Јарци позата „69“ е премногу смела. Која секс-поза на хороскопските знаци им е одбивна и зошто?
Секој има своја омилена секс-поза што ја преферира кога е во интимни односи со партнерот. Постојат повеќе причини зошто секој од нас преферира одредена секс-поза или зошто некоја не му се допаѓа.
Понекогаш кога за првпат сте со некој нов партнер секс-позата што прва ќе ја избере најчесто може да биде и онаа што најмногу ја преферира. Но, што е со оние пози што не му се допаѓаат? Дали хороскопот може да има некаков удел и во тоа, и дали можете врз основа на хороскопот да претпоставите која поза не ја сака вашиот партнер?
Овен – Лажица
За агресивните и спонтани Овни, оваа поза е здодевна. Претставниците на овој хороскопски знак се агресивни и натпреварувачки настроени, па нема да застанат сè додека не бидат сигурни дека нивниот партнер во целост е задоволен.
Бик – Секс со стоење
Биковите секогаш сакаат да им биде удобно, па така за нив сексот значи водење љубов на сатенски чаршафи и убави перници, а сите акробатски секс-пози едноставно не се за нив.
Секс-позата со стоење на Биковите им се чини дека е пренапорна и неудобна.
Близнаци – Лотус
Сексот е поинтензивен кога партнерите се гледаат очи во очи, но за Близнаците што се мошне темпераментни ваквиот секс може да биде претеран. Кога се интимни Близнаците сакаат да заведуваат и преферираат нештата да се одвиваат брзо, опуштено и да бидат забавни. Затоа секс позата Лотус која е позната по тоа што нуди поголема интимност и конекција меѓу партнерите им е одбивна.
Рак – Кучешка поза
За емотивните Ракови, оваа секс-поза е неподнослива. Недостасуваат емоциите, а со оглед на тоа што Раковите ретко се самоуверени и постојано имаат потреба за признание и внимание од партнерот, оваа секс-поза едноставно ги заплашува.
Лав – Секс на брзина
Драматичните Лавови се авантуристи што сакаат да ги покажат сопствените способности. За нив сексот треба да трае цел ноќ и да нуди незаборавно искуство, така што сите „брзи“ секс-пози што нудат длабока пенетрација и брза кулминација за нив се неприфатливи.
Девица – Клекнување
За Девиците сексот треба да биде интимно и сензуално искуство, па така тие не уживаат во секс што вклучува многу „клекнување“ врз партнерот. Тие повеќе преферираат да го допираат партнерот, да лежат на неговите гради. Тие се мошне повлечени, но чувствителни и затоа сите секс-пози што немаат сензуалност и интимност за нив се одбивни.