„Прво живејте заедно барем една година“ - Луѓе во брак споделуваат совети за парови кои планираат да се венчаат
Не можете да знаете каков ќе биде бракот со вашиот партнер сè додека не стапите во брак, но секогаш можете да слушнете некој совет од оние кои веќе го искусиле тоа.
Факт е дека некогаш паровите кои размислуваат за венчавка не земаат предвид многу работи, а неретко имаат и нереални очекувања од бракот.
Најверојатно бидејќи скоро сите си правиме споредби со она што го гледаме и читаме во филмови и книги, некогаш забораваме дека во реалноста нештата функционираат многу поразлично.
Затоа, неколку луѓе кои се во брак решиле да ги споделат нивните совети за младите кои размислуваат за венчавка.
Во продолжение дел од најдобрите:
„Одете на патувања. Патувајте заедно пред да стапите во брак. Кога ќе треба да поминете многу време само со една личност, подобро ќе сфатите какви личности се“.
„Бидете секогаш искрени! Штом еднаш ќе ја срушите довербата, реално никогаш нема да ја вратите. Дури и ако искреноста во моментот ви предизвикува непријатност, на долгорочен план ќе ви биде подобро бидејќи партнерот ќе ви верува“.
„Живејте заедно барем една година пред да стапите во брак“.
„Разговарајте со партнерот пред да одлучите нешто. Не можам ни да ви опишам колку критики добивам од сингл пријателките кога ќе ми речат да правиме нешто, а јас им велам прво да се консултирам со сопругот.
Го правам ова за да се осигурам дека јас и тој не сме планирале нешто што сум заборавила. Ова не е барање дозвола, туку го земам предвид мојот партнер“.
„Разговарајте за тоа дали сакате деца пред врската да стане сериозна“.
„Всушност, се венчате со цело семејство на партнерот. Дури и ако вашиот партнер не е близок со семејството и има поставено граници.
Семејството на партнерот е поразлично од вашето и кога ќе се венчате, вие ќе имате одговорност и за неговото семејство.
Дури и ако врската со партнерот ви е одлична, семејствата секогаш ќе имаат некакво влијание. Па, обрнете внимание со какво семејство стапувате во брак“.
„Вашата врска е ваша. Тоа е нешто што ви припаѓа вам двајцата и на никој друг“.
„Однесувајте се како возрасни. И двајцата партнери треба да учествуваат во одржувањето на домот“.
„Тоа што ќе стапите во брак не значи дека никогаш повеќе нема да се почувствувате осамено“.
„Најдете активности што ви се допаѓаат и на двајцата, а што не вклучуваат секс. Најстабилните бракови се оние каде што партнерите се и многу добри пријатели“.
„Штом ќе исчезнат пеперутките во стомакот, самите треба да создавате моменти што ќе ги вратат“.
„Фокусирајте се и на бракот, не само на свадбата“.
„Размислете дали вреди да имате некоја расправија. Ако проблемот нема да биде важен утре, зошто да биде важен денес?“
„Стапувањето во брак НЕМА да реши ниту еден проблем во врската“.
Спирова С. | Црнобело