„Имав утрински секс со сопругот цела недела – што се случи?“ (18+)

Родителите на мали деца знаат колку е тешко наутро да се најде време да се завршат сите обврски пред да излезат од дома, па најголемиот дел од нив воопшто и не помислуваат на секс. Но, дали утринскиот секс навистина може да биде добар и да резултира со поголемо зближување меѓу партнерите?

imav-utrinski-seks-so-soprugot-cela-nedela-shto-se-sluchi-01.jpg

Моли Проктер од Обединетото Кралство е вработена мајка на три деца која го споделува своето искуство за тоа што се случило откако со сопругот одлучиле да имаат секојдневен утрински секс во период од една недела.

Нејзината исповед ја пренесуваме во целост:

„Јас сум „ноќна птица“ и никогаш не ми била возбудлива идејата за утрински секс. Вообичаено нештата не се подгреваат со мојот сопруг Џек сè додека не падне ноќ, а мене искрено наутро ми е потребно да поминам колку може повеќе време во кревет.

Но, со оглед на тоа што имаме три деца и кариери, акцијата – односно недостатокот на акција во спалната соба стана нешто вообичаено. Со обид повторно да ги разгорам страстите си поставив предизвик: сакав да имаме секс секое утро во период од една недела.

imav-utrinski-seks-so-soprugot-cela-nedela-shto-se-sluchi-02.jpg

Иако оваа цел ја поставив со цел да ја зацврстиме врската, тоа не е единствената придобивка. Сексот во кој било период од денот е добар за вас, дел од истражувањата го поврзуваат со подобрување на имунитетот и на меморијата, меѓу другото. Но, доколку утрото го започнувате со „акција“ ќе забележите голем број придобивки.

Која било активност што предизвикува задоволство наутро кај вас придонесува за зголемено лачење на хормонот кортизол, и помага убаво да го започнете денот и да бидете расположени во текот на целиот ден. Дополнително, наутро телата и кај мажите и кај жените се природно возбудени за секс.

imav-utrinski-seks-so-soprugot-cela-nedela-shto-se-sluchi-03.jpg

Во недела вечер го наместив алармот да ѕвони во 6.30 часот наутро. Откако се разбудив, почнав да го милувам сопругот, што на мое задоволство, нè одведе до секс, но пост-сексуалното чувство на задоволство беше прекинато во мигот кога слушнав дека децата се будни и истураат житарки.

Следното утро исто така беше успешно. Вообичаено ми треба долга предигра, па иако претходно мислев дека тоа што сме кратки со време (немаме време за сè што треба да направиме пред да излеземе од дома) само ќе ми го зголеми нивото на стрес, всушност целото искуство имаше спротивен ефект.

Но, успехот од првите два дена не траеше. Во вторникот морав да останам до доцна затоа што се подготвував за важен состанок и кога се разбудив следното утро во 6 и 30 се чувствував исцрпено и незаинтересирано за секс.

Но, кога се вратив дома, дознав дека Џек се договорил мајка му да ги причува децата.

Нарачавме храна, гледавме филмови на Netflix и имавме одличен секс и нашата ненадејна романтична вечер всушност само ме потсети зошто на прво место и си поставив ваков предизвик: за да се зближам повторно со Џек.

Сега сфаќам дека мојата секојдневна „секс цел“ не соодветствуваше со нашите брзи животи, но ни помогна да бидеме поупорни и помотивирани за да го подобриме сексуалниот живот.

Во петокот, ќерката се разбуди со кошмар и целата вечер ја помина во нашиот кревет. Но во саботата, направивме нешто што не сме го направиле претходно: откако ги однесовме децата на нивните спортски активности, заборавивме на домашните обврски и се вративме во кревет.

imav-utrinski-seks-so-soprugot-cela-nedela-shto-se-sluchi-04.jpg

Сега кога знаеме дека може да најдеме време за да имаме секс неколкупати неделно, тоа само ни даде одредена цел кон која се стремиме: не за да постигнеме одредена бројка, туку за да останеме поврзани.

Наместо да стане уште една обврска – од што искрено се плашев – сексот стана нешто на што се радувам и направи да се чувствуваме поповрзани за време на работната недела кога вообичаено не сме премногу присутни.“

Б. С. Б. | Црнобело/ Фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg