Секс позата што вашиот партнер ја преферира открива каква личност е тој

Мажите што ги почитуваат правилата, што бараат стабилност и нежност ја преферираат мисионеркста поза. Оние пак што сакаат постојано жената да биде горе, укажуваат на личност што не е премногу амбициозна. Која секс-поза му е омилена на вашиот партнер?

seks-pozata-shto-vashiot-partner-ja-preferira-otkriva-kakva-lichnost-e-toj-01.jpg

Дали и вашиот партнер преферира една секс поза додека водите љубов. Тоа во голема мера говори за него каква личност е тој, но и за тоа какви чувства има кон вас. Погледнете во продолжение.

Мисионерска поза

Мажите што ја сакаат мисионерската поза во животот обично се принципиелни луѓе што се држат до строги правила. За нив се смета дека се лојални и нежни партнери што нeма да ве разочараат ниту да ви го скршат срцето.

Во оваа секс поза нивното внимание во целост е насочено кон партнерката, а секако оваа поза дозволува и контакт со очи, прегратки, бакнежи. Тие се момчиња од соништата за сите девојки што бараат стабилност и размена на нежности.

seks-pozata-shto-vashiot-partner-ja-preferira-otkriva-kakva-lichnost-e-toj-04.jpg

Лажица

Во секс позата лажица и двајцата партнери лежат на страна, а со оглед на тоа што партнерот е зад вас, тоа открива дека станува збор за маж што постојано мора да има потврда за чувствата и емоциите на партнерката.

Ова е секс поза што овозможува поголема интимност, па ако вашиот партнер е од оние што ја преферираат оваа поза, тоа укажува дека е мошне чувствителна личност, што постојано води сметка и за вашите емоции.

seks-pozata-shto-vashiot-partner-ja-preferira-otkriva-kakva-lichnost-e-toj-06.jpg

Кучешка поза

Кучешката поза е омилена кај мажите што сакаат да доминираат, да бидат типични „алфа“ мажи што не сакаат премногу да ги разоткриваат сопствените емоции.

Вашиот партнер се чувствува сигурно во оваа поза затоа што нема контакт со очи. Тоа не е поза што говори за емоции и почит, а доколку вашиот партнер ја бара постојано оваа поза, можно е да се работи за маж што има проблем со самодовербата.

seks-pozata-shto-vashiot-partner-ja-preferira-otkriva-kakva-lichnost-e-toj-02.jpg

Жената горе

Голем број мажи ја преферираат секс-позата во која жената е горе. Сепак, тоа не говори многу добро за него, затоа што укажува на маж што не сака да вложи премногу труд и очекува сами да ја завршите играта.

Со други зборови, тоа што вашиот партнер ја преферира постојано оваа поза, укажува дека се работи за маж што не е доволно амбициозен и мотивиран во сите аспекти во животот и најчесто очекува сè да му се сервира.

Но, доколку не инсистира само на оваа секс-поза, а му е само една од омилените, тоа значи дека се работи за маж со бујна фантазија, што може да ви пружи доста забава.

seks-pozata-shto-vashiot-partner-ja-preferira-otkriva-kakva-lichnost-e-toj-03.png

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg