Зошто добрите девојки постојано „паѓаат“ на бунтовни и лоши момци?
Знаете дека не треба да очекувате многу од врската со нив, свесни сте дека најверојатно ќе ви го скршат срцето, ама никој не може да им одолее на лошите момци. Зошто е тоа така?
Често како главни виновници затоа што некои девојки постојано трчаат по бунтовници или т.н. лоши момци се наведуваат хормоните, отсутните татковци или пак медиумското внимание што овие ликови го добиваат, но дали е така? Едно е јасно, лошите момци имаат харизма што „добрите момчиња“ ја немаат.
Според голем број жени, поимот добро и фино момче е синоним за некој што е „здодевен“, што воопшто не мора да значи дека е така.
Во продолжение проследете повеќе карактеристики на лошите момци што се привлечни за поголем број жени и зошто добрите девојки секогаш паѓаат на некој бунтовник.
Мислите дека можете да ги скротите или да ги промените
Уште подобро, мислите дека тие ќе ви помогнат вие да се промените. Ништо нема да направи да се чувствувате подобро од тоа сите да знаат дека вие сте девојката поради која тој се променил... Би било добро, кога навистина би се случило нели!?
Лошите момци се храбри и може да ве заштитат
За лошите момци често се мисли дека се подготвени да прифаќаат ризици и дека се вистински зависници од адреналин. Сосема е очекувано дека лошото момче без проблем ќе ви пристапи и ќе ви побара телефонски број, без срам и со голема самодоверба, а тоа е она што најмногу ги привлекува жените.
Дополнително, нивниот самоуверен и храбар изглед прави да се чувствувате безбедно и заштитено. Иако, често коментирате дека ви пречи тоа што е подготвен да влезе во конфликт со секој што ве погледнал, сепак ви годи вниманието.
Воопшто не им е грижа што мислите за нив
Прво, тоа што не се грижат за мислењето на другите покажува дека имаат огромна самодоверба. Второ, жените што вообичаено по природа се доста загрижени и размислуваат многу, па сакаат за промена да бидат со некој што е безгрижен. Трето, тоа што не се менуваат за никого и за ништо само го надополнува нивниот шарм, затоа што е одраз на нивната сила.
Тие се непредвидливи
Никогаш не знаете што ќе направат. Лошите момци ретко ги следат правилата во општеството, ниту пак сакаат да се потчинуваат на нормите и на правилата. Кога ги набљудувате ви се чини дека во целост дејствуваат според ритамот на нивното срце, а оваа непредвидливост е тоа што ги прави особено привлечни. Токму тој „загадочен“ дел е она што ги привлекува жените, наспроти фините момци, што често се предвидливи и можете да претпоставите како ќе реагираат во дадениот миг.
Тие се во целост искрени и уникатни
Со самото тоа што не се грижат за туѓото мислење, лошите момци чувствуваат и дека немаат потреба да се преправаат дека се нешто што не се. Додека фините момци најчесто се плашат да отскокнат од толпата, лошите момчиња освојуваат со сопствениот стил, верувања и начинот на живот.
Претставуваат предизвик
Најчесто ваквите мочиња имаат сопствени цели во животот што се на прво место и се пред која било жена, па оддаваат впечаток дека вие сте таа што треба да ги брка постојано. Освен тоа, мошне е тешко во целост да ги прочитате, па тоа е она што ве предизвикува да не престанувате да ги прогонувате.
Изгледот лаже
Кои момци се „лоши момци“? Доколку во таа дефиниција ги ставате само момчињата што носат кожена јакна и возат мотоцикл, се лажете.
Лошите момчиња исто така може да бидат и мошне чувствителни, емотивни мажи со семејства што имаат лоша репутација. Да, може да се случи да ве навредат и да ве нервираат, но тие не се злобни, туку биле повредени некогаш и сега имаат заштитен оклоп околу себе.
Б. С. Б. | Црнобело