Секс во џакузи, секс на јавно место: Зошто сексот во реалноста не изгледа како на филмовите?
Сексот под туш може да заврши со незгода, по сексот на плажа ќе треба да чистите песок од цело тело. Речиси и да нема холивудски филм што нема жешка секс сцена... Секс под туш, секс во џакузи, секс на јавно место. Иако можеби сите потајно помислуваме дека би сакале да искусиме такво нешто, сепак еве некои причини зошто филмскиот секс треба да си остане само на екранот.
Без разлика на тоа колку „жешко“ ви изгледаат секс сцените на филмовите, кога ќе се погледнат одблиску работите, ќе сфатите дека можеби и немате потреба од такви експерименти. Впрочем, може да се каже и дека најчестите секс ситуации во филмовите се преценети, еве зошто:
Секс под туш
Сите ја помнат жешката сцена под туш од филмот „50 нијанси сиво“, но многумина коментирале дека таа сцена просто не е изводлива. Прво, водата не може да го замени лубрикантот, а и мошне е тешко да комбинирате лубрикант и вода...
Освен тоа, морате да бидете мошне внимателни, може да се лизнете и да паднете и некој од двајцата да настрада. Тука се поставува прашањето: Колкава е цената што сте подготвени да ја платите за „жежок“ секс експеримент.
Секс во џакузи
За сексот во џакузи се вели дека е полош и поопасен и од оној под туш. Топлата вода може да ја оштети кожата на половите органи, понатаму може да доведе и до полови инфекции и инфекции на уринарниот тракт.
Дополнително, мошне е тешко да користите заштита доколку имате секс во џакузи.
Секс на плажа
Покрај тоа што исто така може да предизвика инфекции на половите органи, размислете само дека ќе треба да чистите песок од целото тело...
Секс во автомобил
Ако сте полнолетни, а автомобилот не ви е со големина на спална, дефинитивно треба да се запрашате зошто воопшто би имале секс во него. Ќе се чувствувате мошне непријатно и неудобно, а дефинитивно можете да заборавите дека тоа би било некое незаборавно доживување.
Секс на јавно место
Во филмовите сцените со секс на јавно место се „жешки“ и возбудливи, но во реалноста, овој секс е нелегален. Поради тоа можете да се соочите со проблеми со законот и казни. Вреди ли да се плати казна за вакво искуство?
Секс во куќата на вашите родители
Каде би имале секс? Во нивниот кревет? Во вашата соба од детството? Што ако некој слушне? Би било добро, доколку можете да се опуштите...
Секс во авион
Сексот во авион често може да се сретне во новите филмови, а и во новите романтични романи – но, дали е изводлив? Се чини дека за ваков тип на секс многу се зборува, а практично е неизводлив?
Секс на скали
Кога веќе сте на два чекори од спалната соба, зошто би имале секс на скалите? Би си направиле многу поголема услуга и би се поштедиле од низа непријатности и болки доколку едноставно само доползите до креветот.
Б. С. Б. | Црнобело/фото: depositphotos.com