2 предности и 2 мани - Што се случува кај мажите и жените кои гледаат филмови „за возрасни“?
Речиси сите луѓе, во одреден период од животот, посегнуваат по порнографија, но малкумина го прават тоа со своите партнери.
Па, тука се поставува прашањето зошто порнографските содржини се често „забранета тема“ помеѓу паровите?
Додека за мажите порнографијата е стимуланс, многу жени ја доживуваат како неверство.
За да не бидете во заблуда, ова се 2 главни предности и мани кои се јавуваат кај мажите и жените кои гледаат филмови „за возрасни.“ Потоа, сами проценете дали ќе гледате сами или во пар.
Жени
Причини ЗА:
1. Им помага на жените да ја изразат сексуалноста
Гледањето на порнографија може да направи чуда за женскиот мозок. Не само што ќе се ослободат, туку и позитивно влијае на женскиот сексуален нагон. Кога жената гледа порнографија почесто, либидото е поактивно.
2. Поттикнува поврзување со партнерот
Ако сакате да ја зголемите интимноста, близината и поврзаноста со партнерот, заедничкото гледање на филмови за возрасни е паметен потег. Стручните лица сметаат дека гледањето порнографија со партнерот ја тера жената да биде поискрена и отворена со него.
Причини ПРОТИВ:
1. Негативна слика за сопственото тело
Ѕвездите во овие филмови за возрасни обично имаат предимензионирани облини и во спалната соба изведуваат акробации. Па, ова никако не е паметно за жени со ниска самодоверба - но, кај секого влијае различно.
2. Зависност
Жените, исто како и мажите, може да станат зависни од овие содржини.
Мажи
Причини ЗА:
1. Ослободување од стресот
Научно е докажано дека вклучувањето на какви било сексуални активности во секојдневието на мажот, го ослободува од тензијата и стресот. Мажите кои во здрави количини гледаат секс-содржини се психички посмирени и стабилни.
2. Зачинување на сексуалниот живот
Гледањето на порно филмови сериозно може да ја поттикне креативноста на мажот кога е со својата партнерка.
Причини ПРОТИВ:
1. Еректилна дисфункција
Иако е контрадикторно, претераното „консумирање“ на содржини за возрасни може да предизвика еректилна дисфункција кај мажот. Фантазијата е постимулативна од реалноста, па тука може да настане сериозен проблем.
2. Агресија и потценување
Мажите кои претеруваат со количеството на порнографија сериозно може да почнат да ги гледаат жените на сексуално понижувачки начин и да се јават агресивни нагони.
М. Д. | Црнобело