„Се разведов по 17 години брак и ги доживеав најдобрите оргазми во животот“
„Да бидам искрена во текот на бракот моето либидо како да исчезна. Дојдов до степен кога си реков дека и да немам секс неколку години не би ми пречело, но сега сè е поинаку...“
Исповед на Сели Хоуп од Велика Британија, жена која по 17 години брак доживеала тежок и исцрпувачки развод, но вели дека од оваа гледна точка не ѝ е мака затоа што сфатила дека не била среќна и разводот всушност ја одвел до најдобриот секс во нејзиниот живот.
Исповедта на Сали:
„По разводот земав длабок здив, ја отворив апликацијата за состанување Тиндер на мојот телефон и си креирав профил. Напишав дека сум сингл мајка која бара забава.
Во свет каде сексот без обврски е нормална работа оваа моја објава не беше чудна, но за мене беше нешто лудо. Такво нешто не сум направила никогаш. Затоа што само неколку години претходно ќе чувствував срам и вина ако се фокусирав на моето сопствено задоволство.
Сега, по мојот развод сфатив дека сакам секс, див, среќен, безгрижен секс без поставени ограничувања. И тоа многу.
И по 17 години делење на креветот со ист маж и тежок, емоционален развод конечно си дадов право да уживам во задоволство какво што посакувам. Тоа беше старт на едно прекрасно ослободувачко патување.
Изминатите две фантастични години се состанував со маж каков што не би ниту погледнала во минатото, пробувавме разни нови работи и научив да го сакам моето тело со сите свои мани од породувањето и годините. Не му пречеше ништо, дури и ми даваше комплименти за изгледот на моите гради.
Сексот кој го имав по разводот не може да се спореди со сексуалното искуство од претходно. Имав секс и на маса и со лисици и од мигот кога ќе ја отворев вратата на мојот дом.
Кога ќе размислам подобро целиот живот сексот со мојот сопруг бил ванила секс, но не можам да го обвинам само него за тоа. Ниту јас не предложував нешто авантуристичко, а и самозадоволувањето го сметав за грев. Да бидам искрена во текот на бракот моето либидо како да исчезна. Дојдов до степен кога си реков дека и да немам секс неколку години не би ми пречело.
Но, сега откако сум сингл и моите два сина потпораснаа, одлучив да си ги остварам фантазиите кои одамна ги потиснував. Почнав да гледам со други очи на сексот, да истражувам и да го запознавам подобро своето тело, па така по разводот ги доживеав најдобрите оргазми.
Ја надминав фазата кога во главата ми се создаваше паника затоа што некој непознат маж ќе треба да го види моето тело со вишок килограми, стрии и целулит, сега сум преплавена со адреналин и уживам во животот, правам луди работи какви што не сум правела никогаш. На мое изненадување, мажите одлично реагираат на мене. Се чувствувам секси и посакувана, се чувствувам жива, како никогаш досега.“
С. С. | Црнобело