Изневерен маж бара совет: „Жена ми му испраќала експлицитни фотки на друг пред 5 години, а ми кажа дури сега“
Жена имала „онлајн секс“ и разменувала експлицитни фотографии со друг маж додека била во брак, а му кажала на сопругот дури сега, односно пет години подоцна. Сопругот побарал помош од Редит, а повеќето корисници му велат дека сопругата сигурно крие уште нешто и најдобро би било да ја остави.
На Редит, еден маж ја споделил својата дилема во врска со неверството на сопругата. Наводно, пред пет години, сопругата имала онлајн секс со некој маж, кој исто така бил во брак, а дури сега решила да му признае на сопругот.
Во објавата, мажот споделува дека со сопругата се запознале во 2015 година и извесен период имале врска на далечина. Тој период мажот бил практикант во една фирма, па затоа бил во друг град. Бидејќи градовите во коишто живееле биле релативно блиски, имале можност да се гледаат секој викенд.
Неговата исповед гласи:
„Кога завршив со праксата, почнавме да градиме заеднички живот. Таа ме спаси од токсична семејна околина. Се вселиме заедно, заедно имавме финансиски проблеми, наоѓавме решенија, се венчавме во октомври и изградивме навистина среќен живот за нас.
Таа само што се вработи како професор во друг град, па сега бараме стан, и ми рече дека сакала да ми каже нешто. Ми кажа дека набрзо откако завршив со праксата и се вратив, имала онлајн секс со маж на кого во минатото му изјавила љубов, но тој ја одбил. Тој ја одбил пред да се запознаеме, но онлајн сексот е откако официјално станавме пар. Ми кажа и дека си споделувале експлицитни фотографии – нешто што не сакаше да го прaви со мене сè додека не стапивме во брак.
Ми имаше кажано за овој маж претходно и како тој ја одбил. Откако ја одбил, тој почнал да се гледа со друга девојка со која се венчал и бил во брак додека траела аферата со мојата сопруга.
Сопругата ми рече дека тогаш не сфатила дека ова не е во ред. Дека тој ја присилил и дека оттогаш меѓу нив се нема случено ништо.
Чувствувам бура од емоции поради ова. Од една страна, се чувствувам измамено. Ние ги градевме нашите животи додека таа го криела ова и ми кажа дури откако се венчавме.
Од друга страна, ова се случило пред пет години и таа сепак си призна. Никогаш не би дознал ако не ми кажеше.
Засега само ѝ реков да го блокира мажот на социјалните мрежи и дека за ова треба да знае и неговата сопруга.
Се чувствувам изгубено. Некој совет?“
Поголемиот дел од корисниците на Редит се на страната на мажот и нагласуваат дека неговата сопруга е себична. Тие и го советуваат дека е најдобро да му стави крај на бракот.
„Да сум на твое место, јас би ја оставил. Одвратно е да ја изневериш личноста за која наводно се грижиш. Фактот што чекала пет години ја прави ситуацијата уште полоша. Можела барем да ти покаже почит и да ти каже веднаш откако се случило тоа. Но по пет години, ми изгледа дека ти кажала само затоа што се чувствува виновно, а не затоа што ѝ е криво“.
„Значи, ти кажала пет години подоцна? Зошто? За таа да се чувствува подобро? Себична е. Проблемот е поголем од неверството. Не ти се ни извинила. Си нашла изговор дека мислела дека тоа не е погрешно. Јас би одбрал развод ако сопругата ми го направи ова“.
Некои, пак, сметаат дека сопругата не ја кажува целата вистина и дека можеби аферата била многу повеќе од онлајн секс и неколку експлицитни фотографии.
„Мислам дека многу лаже. Била во нејзините 20-ти и не знаела дека неверството е погрешно? Целата ситуација ми изгледа сомнителна. Јас сум убеден дека тие се гледале и во живо и можеби биле во контакт до сега. Можеби тој сакал пак да се видат, па таа ти кажала сега, во случај да ја фатиш“.
„Ако останала во контакт со него, тогаш е многу чудно зошто одеднаш одлучила да ти каже. Ако се чувствувала лошо, сигурно би престанала да комуницира со него. Моето лично мислење е дека овде има нешто многу чудно“.
Што би направиле вие во ваква ситуација?
Спирова С. | Црнобело