5 промени кои ни се случија со партнерот, откако престанавме да ги користиме телефоните дома
Не би требало да ве изненади фактот што еден просечен човек си го проверува телефонот 47 пати на ден.
Но, колку што минутите на телефонот стануваат подолги, толку полесно ни се кратат близината и интимноста дури и со луѓето со кои живееме.
Ако го оставите телефонот додека сте дома, односно со партнерот, и комплетно се посветите на работите кои ви се случуваат на двајцата, ќе почувствувате 5 промени, тврдат следниве искуства од анонимни луѓе:
Комплетно се фокусираме еден на друг
„Откако се заситивме од телефоните и зависноста од нив, со момчето решивме да преземеме поконкретни акции. Воспоставивме правило: кога и да правиме една иста работа, телефоните остануваат вон дофат. Ова важи кога гледаме телевизија заедно, разговараме или вечераме.“
Креираме настани без технологија
„На пример, во петоците имаме закажано состаноци на кои телефоните се строго забранети. Ги користиме во остатокот од денот, но штом седнеме на маса – ги исклучуваме. Правилото важи до утредента.“
Поминуваме повеќе време заедно
„Со сопругот решивме да ги игнорираме телефоните цела недела. Прво, решивме телефоните да се во една соба, а ние во друга. Од тогаш почнавме сериозно да планираме активности во пар. Па така, наместо да изгледаме маратонски цела серија, сега трчаме заедно, пиеме вино и читаме книги, разговараме со часови...“
Комуницираме подобро
„Кога и да бевме заедно или со нашиот син, сфаќавме дека постојано сме загледани во телефоните. Откако решивме со терапија да го решиме проблемот, сфативме дека ни недостасува контакт со очите и воопшто да се гледаме едни со други додека разговараме. Откако го променивме тоа, комуникацијата ни се одвива подобро и постабилно.“
Се фокусиравме на меѓусебните потреби
„Кога и да се обидував да разговарам со момчето на некои посериозни теми, се вознемирував бидејќи ме игнорираше со телефонот во рака. Откако ја промени оваа навика и почна да ме гледа во очи додека разговараме, близината значително ни се промени. Дополнително, сега повеќе знам за неговите потреби и желби, и тој за моите.“
М. Д. | Црнобело