6 начини како да направите партнерот да ве почитува одново
Правите сѐ за него, а тој не ве цени... Каде е проблемот? Како да направите да ве почитува како порано?
Го сакате партнерот безусловно. Несебично ја ставате неговата среќа пред својата секој ден. Вашата добрина нема граници.
Но, во последно време колку и да вложувате напори во врската, како сѐ да е залудно. Каде грешите?
Зошто тој не ве третира на начинот на кој заслужувате да бидете третирани?
Како да ве почитува повторно?
- Како приоритет ставете си ги вашите потреби.
- Поминувајте мигови посветени само на себе .
- Отворено кажете му што ви пречи во врската.
- Посветете им се на семејството и пријателите, а не само на него.
- Времето минато со него организирајте го да биде квалитетно минато време, а не излежување пред телевизорот.
- Бидете искрени во врска со себе, дали се запуштивте, дали се променивте, што правите погрешно, дали проблем е недостигот од самодоверба и преземето нешто во врска со тоа.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com