10 сигнали дека партнерот ви е себичен и нарцисоиден и треба да му кажете збогум
Прави да се сомневате во себе и во својата вредност. Сака постојано да му се восхитувате и да му кажувате колку е брилијантен.
Дали на моменти губите перцепција што е вистина, а што е лага од што сами намерно се лажете дека сте во врска со добра личност?
Ајде погледнете кон партнерот со ширум отворени очи и ако ги забележувате овие сигнали бегајте од него со брзина на светлината.
Сигнали дека партнерот ви е себична и нарциосоидна личност:
- Ве изолира од сите и сака времето комплетно да му го посветувате само нему.
- Сѐ се врти околу него.
- Брзо сфативте дека не е така совршен како што ви се претстави кога се појави во вашиот живот.
- Искусен е со манипулирањето и не можете да се начудите како може да има таква вештина.
- Прави да се сомневате во себе и во својата вредност.
- Не ги почитува вашите граници и не ви дозволува сами да носите одлуки.
- Брзо се лути и има лош темперамент.
- Сака постојано да му се восхитувате и да му кажувате колку е брилијантен.
- Врската со него е како ролеркостер од емоции и верувате дека без размислување би можел да ве остави во секој миг.
- Бега од одговорности, не презема одговорност за своите дела и никогаш не ги признава своите грешки.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com