Кога ќе дојде вистинскиот, ова ќе ти се случи...
Кога ќе дојде вистинскиот, нема да мора да се прашуваш дали тој ќе остане. Ќе бидеш уверена во неговата љубов и ќе се чувствуваш безбедно, дури и кога се карате.
Кога ќе дојде вистинскиот, тој ќе направи да се чувствуваш сакана на секој можен начин.
Кога ќе дојде вистинскиот, нема да чувствуваш потреба да ја носиш врската сама на свои плеќи и да се трудиш само ти постојано. Нема да чувствуваш дека треба постојано да смислуваш како да го задржиш, ниту ќе треба да кажуваш „да“ кога ќе сакаш да кажеш „не“.
Кога ќе дојде вистинскиот, нема да трошиш време и енергија да се грижиш за него што прави кога не е до тебе, туку ќе имаш доверба во него. Нема да се грижиш дали те изневерува или дали ќе запознае нова личност поради која ќе изгуби интерес за тебе. Ќе имаш чувство дека си безбедна со него, дека можеш да правиш работи без да бидеш осудена и оставена.
Кога ќе дојде вистинскиот, нема да се чувствуваш загушено, туку сѐ ќе функционира на база на доверба. Ќе имаш слобода да ги правиш работите што ги сакаш како индивидуалец. Ќе можеш да се фокусираш на себе, без да чувствуваш грижа на совест поради тоа. Тој ќе ти биде поддршка и ќе те охрабри да растете заедно.
Кога ќе дојде вистинскиот, ќе се чувствуваш инспирирано и предизвиците ќе ти изгледаат полесни. Тој ќе те турка да станеш подобра личност и ќе ти го посакува само најдоброто. Нема да мора да чекориш сама и заедно ќе ги славите успесите и лекувате падовите.
Кога ќе дојде вистинскиот, нема да мора да се прашуваш дали тој ќе остане. Ќе бидеш уверена во неговата љубов и ќе се чувствуваш безбедно, дури и кога се карате. Дури и на лош ден двајцата ќе верувате дека вреди да ги решите несогласувањата и да останете заедно.