10 знаци дека сте (или имате) зависен љубовен партнер
Сите ги знаеме паровите кои се како „преплетени“ и ни се чини дека не се одвојуваат ни за секунда, но дали и вие спаѓате во категоријата на зависни љубовни партнери?
Тоа што сте со некого не значи дека треба да ги потиснете своите (или неговите) емоции, мисли и желби.
Ова се неколку предупредувачки знаци дека премногу сте зависни еден од друг:
1. Не носите речиси никакви одлуки сами, односно оставате другиот да одлучи за вас.
2. Секогаш имате изговори за непријатниот однос на партнерот.
3. Одамна не размислувате за тоа како вие се чувствувате, туку само за тоа како одредени работи ќе се одразат на врската.
4. Давате повеќе отколку што добивате или обратно.
5. Еден во друг гледате човек кој треба да го „поправите“ и да му укажете на недостатоците.
6. Односите со другите луѓе во животот ви се сведени на минимум.
7. Ги изгубивте вашите лични интереси.
8. Се плашите од напуштање.
9. Не можете да одредите кој е конкретниот проблем при недоразбирањата и кавгите.
10. Едноставно, не се чувствувате добро и пријатно.
М. Д. | Црнобело